Денот на пролетта го одбележуваме со голема акција за средување на сите скопски општини, во организација на Град Скопје и во координација со сите градски јавни комунални претпријатија. Акцијата започна рано утрово на бул.Борис Трајковски во општина Кисела Вода каде нашите екипи вршат кастрење на дрворедите и сечење на дрвјата за кои има издадено Решение, како и средување на зеленилото. Директорот Ангеле Сотировски го поздрави почетокот на акцијата и изврши увид во активностите заедно со градоначалничката Данела Арсовска и директорите на јавните претпријатија. До крајот на неделава екипите во Кисела Вода ќе вршат собирање лист, косење, кроење на грмушки, чистење на зелените површини, садење садници и кастрење и сечење на дрвјата. Утре продолжуваме на ул. Јустинијан Први, во среда на ул.Михаил Чаков, во четврток на ул.Христо Татарчев и во петок завршуваме на ул.Павел Шатев.Од наредната недела акцијата продолжува во општина Карпош, а ќе заврши на 27 мај откако ќе бидат опфатени сите скопски општини.

 

Share