Дел од активностите кои во овој пролетен период ги извршуваат нашите екипи, се припремата и подготовката на подигање и уредување на  јавни зелени површини, на неколку локации во градот.  Насочувајќи се на планираните активности во уредување на  зелените површини деновиве, теренските екипи по налог на Град Скопје, отпочнаа со расчистување на површината и формирање на зелен коридор на  ул.„Лазар Личеновски“.  На површина од 310м² во тек се одвива обработување на површината, се нанесува плодна почва, по што ќе следи поставување на  систем за полевање и подигање тревник. Комплетното хортикултурно уредување ќе се финишира со засдаување на зимзелени и листопадни садници, украсни грмушки каде што истите соодејствуваат на дадениот простор.

Истовремено, на зеленилото кај крстосницата меѓу улицата „Бутелска“ и улицата „Призренска“ во близина на црквата „Св.Јован Крстител“ екипите работат на уредување на површина од околу 790м². Хортикултурното уредување ќе опфати неколку етапи, каде веќе е опточнато со расчистување и отстранување на шут и смет. На посочената локација ќе се изврши и прекопување на постојната почва, по што ќе се нанесе нова квалитетна почва, ќе се инсталира систем за полевање, а ќе се засади вегетација и подигне тревник.

Share