Денес претставници од менаџментот на претпријатието присуствуваа на садењето садници на зеленилото на Средно Водно. Новите зимзелени садници од видот picea excelsa се донација од компанијата, и веќе го разубавуваат просторот во близина на Жичарницата, посакувајќи им пријатно добредојде на сите посетители на парк – шумата Водно. Работиме посветено за облагородување на јавните зелени површини,
Кроење на вегетацијата и уредување на зеленилото се активностите кои денес се одвиваа на страничното и средишното зеленилото на булевар Партизански одреди.
Согласно предвидениот план на активности, екипите од сектор Дрвореди денес извршија кастрење на два платани на улица Лазар Поп Трајков бр.29, во општина Гази Баба.
ЈП Паркови и зеленило ја информира јавноста дека ноќва околу 1 часот по полноќ избувна пожар во дирекцијата на претпријатието, поточно во делот на архивата, магацинот и просториите на Секторот за финансии. По брзата реакција на чуварската служба и брзата интервенција на противпожарната бригада пожарот е навремено изгаснат и не е причинета голема материјална штета,
Реконструкцијата на зеленилото на кејот на реката Вардар продолжува. Во тек е третата фаза на потег од мост Генерал Mихајло Апостолски до мост Близнак.
Со зголемен број работници се расчистува и уредува зеленилото на бул. Македонско-косовска бригада во општина Чаир. Активностите кои ги вршат екипите се следните: Кроење грмушки Собирање лист и отпадоци Утовар и изнесување
Денес во просториите на претпријатието беше остварена средба помеѓу директорот Зухејр Реџепи и претседателот на здружението на лица со посебни потреби СОС ВИТА, Ертан Шаќири, при што беше изразена благодарност за успешната соработка.
Кроењето на розите и оформувањето на нискостеблестите растенија продолжува и денес. Теренските екипи го уредуваат средишното зеленило на бул.Србија во општина Кисела Водa.
Денес, теренските екипи вршат кроење и уредување на средишното зеленило на булевар Јане Сандански.
Новоподигнатиот видиковец во паркчето во населба Топанско Поле е местото каде отсега посетителите ќе можат повеќе да уживаат, одмараат и да се дружат.