Во кругот на Зоолошката градина на Град Скопје, денеска засадивме најразлични цвеќиња, го разубавивме просторот и го одбележавме Националниот ден на цвеќето во организација и во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“ и вработените во ЈУ Зоолошката градина.

На овој ден што се одбележува под мотото „Засади цвет за поубав свет“ имавме можност да слушнеме за улогата и важноста на цвеќињата во Зоолошките градини и во животната средина и да научиме нешто повеќе за нивната нега и одгледување.

Имавме можност да посетиме и неколку живеалишта во Зоолошката градина која во изминативе две години бележи бејби бум и пораст на бројот на посетителите.

Share