Вистинска пролетна атмосфера денес во кругот на Филозофскиот факултет – Скопје. Дел од раководниот тим на нашето претпријатие садеше цвеќе и млади зимзелени садници заедно со деканот проф. д-р Ратко Дуев, продекан проф. д-р Наташа Станојковска Трајковска, професори и студенти, сите заедно. Благодариме на сите кои се вклучија во акцијата и се надеваме дека овие млади садници и цвеќиња ќе носат повеќе радост и уживање во дворот на Универзитетот Кирил и Методиј – Скопје.

Share