Во градот Скопје повеќе нема заборавени населби. Секој граѓанин има право на модерен град, уредена населба и еднакви можности.

Со гордост сакам да најавам дека започнува изградбата на нов мега-парк кој во соработка меѓу општина Чаир и градот Скопје, се протега на просторот на ул.Македонско Косовска Бригада од крстосницата со Втора Македонска бригада до крстосницата со Џон Кенеди.

Мега-паркот ќе се простира на површина од 30.000 метри квадратни, а ќе има 500 нови дрвја и садници, нова хидрантска мрежа и тревник.

Воедно во паркот се предвидени 2 нови спортски игралишта, нови 2 детски игралишта, 2 паркови површини за миленици, еден фитнес дел, 26 нови летниковци, нови урбана опрема, пешачки патеки и фонтани.

Програмата „За Модерно Скопје“ ја реализираме во целост, и никогаш нема да отстапиме од она што сме го ветиле пред граѓаните, кои заслужуваат нови зелени и паркови површини.

Share