Започна реализацијата на проектот за градење капацитети за еко-системи и одржливо управување со шумите. Денес членови на јапонската агенција Џајка извршија демонстрација на проектот за пошумување на косини, користејќи метод наречен хидро-сеење. Оваа техника, веќе добро позната во Јапонија и низ светот, кај нас за прв пат се демонстираше денес на падините на парк-шумата Водно.
Продолжуваме со косење на тревните површини и собирање откос низ градското зеленило.
Вредните раце на нашите екипи ги проткајуваат цветните бои низ зеленилото во градот.
Денес директорот Сефи Шабани ги посети производните погони на претпријатието - Флораком ДООЕЛ, за тоа како течат подготовките за садењето на летниот расад. Воедно, се разговараше и за целокупниот процес на производство на цвеќе и постоечкиот капацитетот. Асортиманот од повеќе видови летен расад веќе го красат зеленилото низ градот, што како обележје на Скопје за
За пријатно и безбедно движење низ велосипедските и пешаките патеки во градот, екипите започнаа акција за поткастрување на гранките од дрвјата долж бул. М.Т. Гологанов, бул. АВНОЈ, ул. Никола Парапунов и бул.11 Октомври. Акцијата ќе продолжи и наредните денови.
Го разубавивме просторот кај Музеј на Град Скопје. Честит Меѓународен ден на музеите!
Црвената нежна салвија и жолтиот кадифен тагетес, се цвеќињата со кои денес екипите ја уредија цветната леа кај Влада.
Денес екипите спроведоа акција за кастрење на дрворедот на бул. 8 ми Септември, каде директорот Сефи Шабани ги поздрави и охрабри теренските екипи, во извршување на работните задачи. Со акцијата на потег од мостот на истоимениот булевар сé до раскрсницата со бул. Митрополит Теодосиј Гологанов, ќе се овозможи ослободување на пешачките и велосипедски патеки од
Наш врвен приоритет и оваа недела останува косење на тревните површини низ градот. Покрај останатите реони денес го издвојуваме косењето во делови од Центар, Аеродром и зеленилото во Автокоманда.