Деновиве со нова вегетација го облагородивме зеленилото на средната жардиниера на булевар Св. Климент Охридски во центарот на градот. Активностите на пејсажното планирање и уредување на булеварското зеленилото се значаен дел во обликувањето на зелените контури на јавните површни низ градот. Уредувањето на јавното зеленило ќе продолжи и наредните денови.
Со ново хортикултурно решение деновиве го разубавивме зеленилото на кружниот тек во Ѓорче Петров и ул. Московска.
По вандалското однесување на несовесни граѓани за време на викендов на Средно Водно, кога беше направена штета врз урбаната опрема, нашите екипи излегоа на терен и веднаш ги реконструираа парковските елементи во парк - шумата. АПЕЛИРАМЕ на совесно и одговорно однесување на сите граѓани при посета на зелените парковски површини.
Топлото време значително влијае на вегетацијата, особено врз зеленилото во урбаните градски средини. Она што е потребно во тој период е редовно наводнување на тревните површини, садниците и на цвеќињата. Денешната активност на теренските екипи е полевање на дрворедот и зеленилото во средишната жардиниера на бул. Словенија и Босна и Херцеговина. Наводнувањето го реализиравме со
Работната недела ја започнуваме со акција за косење на страничното зеленилото на Јадранска магистрала (Качаначки пат) на излез од градот. Теренските екипи од повеќе реони ја косат нискостеблената вегетација покрај патот за поголема прегледност и безбедност на возачите во сообраќајот. Акцијата ќе се одвива и наредните денови, сѐ до расчистување на потегот согласно планираните активности.
Тековното одржување на тревниците и нивно редовно косење, чистење од хартија и отпадоци се дел од секојдневните активности што ги спроведуваме низ булеварското зеленило и парковите. Тоа се ѝ денешните активности на екипите од реон Карпош коишто го косат и расчистуваат страничното зеленило на булевар Илинден.
Теренските екипи координирано го одржуваат јавното зеленило низ сите реони на градот. Со денешните активности го опфативме и булеварското зеленило кај кружниот тек во населбата Автокоманда. Активностите на косење трева, собирање откос, чистење и собирање хартија и отпадоци покрај на посочената јавна површина ги реализиравме и низ преостанатото околно зеленило во паркот Скулптура.
Од севкупните денешни активности на реонските екипи го издвојуваме уредувањето на зеленилото на булеварот Христијан Тодоровски Карпош во општина Бутел. Косење трева, собирање откос, собирање хартија и отпадоци остануваат на листата на приоритетни задачи во одржувањето на страничното зеленилото и средишната жардиниера по должината на истоимениот булевар.
Уредувањето на леите со сезонски расад од видот бегонија се денешните активности на екипите од реонот Центар. Во паркот Жена Борец во цветните леи екипите вршат дополна со нов цветен расад онаму каде што истиот недостига и е оштетен. Нѐ секогаш уредените површини низ градското зеленило ја задржуваат својата компактност, затоа апелираме до сите посетители