Нашите теренски екипи продолжуваат со садење на нови дабови садници, како дел од еколошката активност за пошумување на парк шумата Водно. Садењето се одвива на десната страна на патеката кон Марково крувче на Средно Водно, и ќе продолжи наредниот период, со цел збогатување на шумскиот фонд на Водно.
Окопување, прашење и кроење на розите на булевар Јане Сандански во општина Аеродром.
Оформување чинии околу младите нови садници во мега паркот Даме Груев.
Поткастрување на нискостеблеста вегетација на булевар Александар Македонски.
Во рамките на редовната практична настава, учениците од 3 година во СУГС Сарај денес го посетија нашето претпријатие. Директорот Сефи Шабани ги прими учениците и ги запозна со работата на претпријатието, по што тие добија корисни информации кои ќе им помогнат во понатамошниот образовен процес. Нашето претпријатие е отворено за соработка со сите образовни институции
Поткастрување на стари и суви гранки на дрвјата на булевар Јане Сандански во Аеродром.
Денов го одбележуваме со закројување на садниците на неколку локации низ градот. Полека но сигурно доаѓа пролетта.
Денешните работни активности екипите од сектор Дрвореди ги реализираа на улица Методија Шаторов - Шарло, при што извршија кастрење на надвиснати гранки на дрворед на посочената локација во општина Аеродром.
Дали сте знаеле дека Мимозата (Vachellia farnesiana) е уникатна по нејзиниот одговор на допир, феномен познат уште како „тигмонастија“. Кога се допираат или пак се изложени на топлина, чувствителните ливчиња на Мимозата се свиткуваат навнатре и се спуштаат. Ова брзо движење е одбранбен механизам кој може да помогне да се одвратат тревопасните животни или инсектите,
Паркот Жена Борец од денес е збогатен со 31 елка - донација од Стопанска банка АД Скопје. Во присуство на претставници од банката и претпријатието донираните елки, кои досега ги красеа експозитурите на банката за новогодишните празници, екипите ги засадија во партерните делови на паркот со што го облагородија просторот во центарот на градот. Од