Од денешните активности на косење на тревните површини низ градското зеленило, го издвојуваме уредувањето на парковското зеленило во населба Драчево.
Во редовниот план за работа секојдневното косење на тревните површини и собирање откос е приоритетна активност на екипите од реонот Аеродром.
Тековни активности на уредување на зеленилото на булевар Гоце Делчев
Во рамките на тековните активности за пролетно уредување на зеленилото во паркот Бранители во населба Драчево, со сезонски расад ги оплеменивме цветните жардиниери, кои даваат дополнителна свежина низ севкупната површина во паркот.
Со дополнување од повеќе видови на сезонско цвеќе ја уредуваме цветната фигура Паун на булевар Митрополит Теодосиј Гологанов.
Со сезонски цветен расад ги украсуваме цветните фигури низ зеленилото во градот. Денеска со нов расад комплетно е оформена и уредена фигурата Штрк на булеварот Јане Сандански во општина Аеродром.
Екипите од повеќе пунктови во градот денеска здружено работат на косење и уредување на левата и десната страна на кејот на Вардар.
Теренските екипи денес го искосија страничното зеленило на улицата Боца Иванова, додека на кружниот тек во Бутел извршија поткастрување на грмушестите растенија. Истовремено, целосно се искосени тревниците на булеварот Босна и Херцеговина и на улицата Бутелска.
Со нови цвеќиња го уредивме и зеленилото на кружниот тек во општина Кисела Вода.
Машинско косење на тревните површини останува наша приоритетна активност со пролетното уредување на зелените површини низ градот. Со денешните планирани активности, покрај косење на дел од зеленилото во централното градско подрачје, со сезонско цвеќе ги уредивме и жардиниерите на плоштад Филип Втори.