Топлото време значително влијае на вегетацијата, особено врз зеленилото во урбаните градски средини.
Она што е потребно во тој период е редовно наводнување на тревните површини, садниците и на цвеќињата.
Денешната активност на теренските екипи е полевање на дрворедот и зеленилото во средишната жардиниера на бул. Словенија и Босна и Херцеговина.
Наводнувањето го реализиравме со цистерна, откако претходно зеленилото го исчистивме од отпадоци.
Share