Автор: unet

  • Матка

    Богатството со природни и културни вредности го вбројуваат Кањонот Матка во еден од најрепрезентативните објекти на природата во Македонија. Мозаикот од најразлични геолошки, геоморфолошки, хидролошки, флористички и фаунистички карактеристики придонесуваат Кањонот Матка да претставува едно од најзначајните заштитени подрачја во нашата држава.

    Прекрасните видиковци, богатството со спелеолошки објекти посебно пештерите, уникатниот жив свет, културното и духовно богатсво, како и близината до градот дестинации во државата. Геодиверзитетот, богатството и разновидноста на компонентите на биодиверзитетот (флората, фунгијата и фауната) беа основната причина Собранието на Град Скопје во 1994 година да го прогласи Кањонот Матка за споменик на природата.

    Природните вредности на споменик на природата Кањон Матка произлегуваат од големото богатство и диверзитетот на видовите. Поедини растителни и животински видови кои се регистрирани на подрачјето на оваа заштитена област имаат посебно значење, со оглед на фактот дека истите се опфатени со меѓународните инструменти за заштита на природата, односно видовите се вклучени на прилозите на меѓународните конвенции, договори, директиви на ЕУ за заштита на природата и IUCN Црвената листа на загрозени видови.

    Кањонот Матка, како дел од Скопската котлина, се простира на југозападниот дел од неа, сместен по долниот тек на реката Треска.

    Површината на споменикот на природата Кањон Матка  изнесува 6576 хектари.

    Како комплексна единица која ги вклучува водните и копнените екосистеми, претставува ексклузивно ограничено подрачје со високо ниво на биолошка разновидност, хетерогеност и ендемизам, кое се смета за едно од највпечталивите македонски „врели точки“, по однос на биолошката разновидност и присуството на ендемски видови.

    И покрај фактот што голем број групи сеуште не се целосно проучени, досегашните податоци за фауната и флората на заштитеното подрачјe Кањон Матка покажуваат екстремно високо ниво на богатство на видови, што овозможува медитеранските видови да се среќаваат заедно со алпските, сибирските, или степски видови.

    Во заштитеното подрачје се присутни над 50 локални, национални и балкански ендемити.

    Во границите на заштитеното подрачје Матка присутни се следните значајни видови кои се наоѓаат на листите на следните меѓународни документи, конвенции и национални листи на ретки растителни видови:

    • IUCN Светска црвена листа (Walter & Gillet, 1998): Thymus oehmianus, Alkanna noneiformis, Centaurea grbavacensis, Genista nissana, Ramonda nathaliae, Viola kosaninii, Fritillaria graeca subsp. gussichiae.
    • CITES Конвенција ( fam. Orchidaceae): Anacamptis pyramidalis,

    Cephalathera longifolia, Limodorum aborativum, Orchis coriophora, Dactylorhiya maculata, Dactylorhiya sambucina, Orchis tridentata, Epipactis helleborine, Gymnadenia conopsea.

    Флората и вегетацијата на територија на заштитеното подрачје Природен споменик Кањон Матка се целосни истражени. Вегетацијата се состои од над 15 растителни заедници, кои имаат прецизно распространување во однос на нивната просторна застапеност и вметнати се во Вегетациската карта на заштитеното подрачје.

    Присутни се поединечни примероци од европскиот црн габер (Ostrya carpinifolia) и црниот јавор (Acer obtusatum) на повисоките, како и зелениката (Buxus sempervirens) на пониските надморски височини. На територијата на Република Македонија, застапеноста на зелениката е строго ограничена на неколку локалитети кои се често поврзани во речните клисури.

    Потврдено е присуството на неколку ретки вида, и тоа: Eryngium wiegandii и Mаthiola thessala. Исто така ендемичниот вид Македонско волчјо јаболко (Aristolochia macedonica) се појавува во рамките на заедницата, по стрмните падини од левата страна на реката Треска, над Манастирот Свети Андреја и браната Матка.

    Значајна карактеристика на Кањонот Матка е фактот што, заедно со медитеранските растителни видови, присутни се и растителни видови кои се карактеристични за повисоките планини, како што се видовите: Sesleria juncifolia, Sideritis scardica, Silene saxifrage и други.

    Во кањонот се регистрирани и 354 видови на пеперутки, 124 видови на птици, меѓу кои најзначаен е белоглавиот и египетскиот мршојадец.

    Паркот е составен од три пештери („Врело“, „Убава“ и „Крштална“), како и една подводна пештера („Подврело“).

    Кањонот Матка претставува и културно – историски локалитет, поради особеностите на самиот терен, каде можат да се сретнат поголем број на цркви и манастири.

    Моментални граници на заштитеното подрачје на споменикот на природата “Кањонот Матка”
    Ретки растителни видови во заштитеното подрачје
    Матка
    Onosma visiani
    Genissta nissana
    Viola kosaninii
    Viola herzogii
    Pulsatilla halleri subsp. macedonica
    Centaurea grbavacensi
  • Треска

    Рекреативниот комплекс е изграден во 1978 година, со самодопринос од граѓаните на град Скопје. Езерото Треска претставува рекреативно езеро во близина на Скопје, чија површина изнесува 186.000м² под зеленило и 130.000м² под водена површина.

    Зеленилото е застапено со автохтона вегетација, како и странично функционално  зеленило распоредено низ просторот во форма на групации, со применување на редовните активности за негово одржување.

    Објектот е изграден со цел овозможување и заштитата од несаканите воздушни струења и создавање на релативно тивки зони за  посета на жителите во летната сезона (во период на високи температури), место за рекреација и простор со разновидна вегетација со впечатлив колорит на ефекти.

    Поради загаденоста на водата, езерото е затворено како капачки објект од 1998 година, a  во 2017 година предадено e под ингеренции на Општина Сарај. Одржувањето на зеленилото во комплексот е во континуитет под надлежност на ЈП Паркови и зеленило – Скопје.

  • Сарај

    СРЦ Сарај се наоѓа во непосредна близина на Градот и има традиционално излетнички карактер.

    Овој локалитет претставува едно од најстарите излетнички места во Скопје, со површина од 240.000м².

    СЦ Сарај е изграден во 1948 година, кога бил предвиден и со урбанистичкиот план како регион Сарај-Матка исполнет со базени, фудбалски игралишта, трибини и патеки. Подоцна регионот Сарај-Матка прераснува во центар за спорт и рекреација со терени за спорт покрај реката Вардар и езерото Треска. Во 1955 година урбанистичкиот план е ревидиран и е изграден базенот, фудбалските игралишта и другите објекти за рекреација. Во 1964 година е направен нов урбанистички план, со кој биле испланирани јавното зеленило и спортско-рекреативните реони. Додека во 1971 година, од страна на Паркови и зеленило е направен проект за СЦ Сарај, со кој се дефинирани градското и вонградското зеленило, со паркови, плоштади и други зелени површини по бодовите на Скопје – вонградското зеленило, како и зеленилото за активна и пасивна рекреација. Планирани биле три големи парковски површини и 5 рекреативни подрачја, во кои се предвидени центри со плажи, хотели, ресторани и детски домови:

    • Сарај – Матка
    • Водно
    • Скопска Црна Гора
    • Катланово – Зелениково
    • Китка – Караџица

    Имало и тенденција езерото Треска и реонот Сарај – Матка да се поврзат со Водно и да претставуваат целина. Ова би се постигнало преку изградба на помали објекти, но, за жал, планираните активности останале нереализирани.

     

    Денес, како зеленило со оптимален интензитет на одржување СРЦ Сарај е дел од вонградското зеленило под ингеренција на Градот Скопје.

    Освен редовното одржување на зеленилото, поставеноста на вегетацијата е во слободен пејзаж, со парковски карактер, како и природен вегетациски состав.

    Од големо значење е улогата на просторот кој има парковски содржини (видиковци, тревници, детски игралишта, спортски терени и парковски елементи) кои нудат можност за одмор и рекреација за граѓаните на Скопје и околните населени места.

  • Садење цветен расад

    Секојдневните активности на нашите екипи на одржување на зеленилото, забележително се насочени во предпролетно уредување на зелените површини.

    Имено, деновиве нашите екипи вршат обновување со нов цветен сезонски расад од видот љубичица (lat.viola) онаму каде постоечкиот  расад е оштетен.

    Исто така, во производствените капацитети на Флораком Дооел цветниот  расад  од повеќе видови е во процес на припрема за да го разубавуваат градското зеленило во месеците кои следат.

  • Како да ги спасите свенатите саксиски растенија?

    Собните растенија не само што даваат топлина во вашиот дом, туку и ја зголемуваат концентрацијата на кислород во просторијата.

    За жал, понекогаш од необјасниви причини растението да почнува да венее. За тоа придонесуваат мали штетници, мушички, кои тешко можат да се видат со голо око.

    За среќа постои еден едноставен трик кој овозможува брзо да се ослободите од мушичките во саксиите со цвеќе.

    За негова резлизација потрeбни се само неколку обични чкорчиња!

    Едноставно забодете ги со врвот во земјата на раздалеченост од 5 см од рабовите на саксијата и полејте го цвеќето.

    После два дена, заменете со нови чкорчиња, а за уште два дена мушичките ќе исчезнат.

    Од сега не мора да ги прскате собните растенија со инсектициди. Фосфорот и сулфурот кои се дел од составот на смесата на врвот на чкорчињата, продираат во земјата и постепено го ослободуваат растението од несакани гости.

    За да ја спречите појавата на габи, користете бакарни монети. Ставете неколку монети во почвата околу растението и бакарот ќе ги уништи сите габични спори.

  • Како да ги ревитализирате собните растенија и да ги одржите живи во зима

    Ова е тежок период од годината за вашите собни пријатели – растенијата, кога листовите почнуваат да стануваат жолти и тие едноставно изгледаат генерално несреќни.

    Но, не се грижете! Имаме неколку совети кои ќе ви помогнат да им дадете среќен и зелен израз и да ги одржите растенијата живи во текот на зимата.

    1. Намалете ја водата (а и ѓубривото)

    Жолти лисја? Чудни бубачки што летаат околу саксиите? Мувлосана почва? Ова се симптоми на премногу наводнување во зима. Сите собни растенија бараат малку вода во зима. Пренаводнувањето е секогаш опасно, но во зима особено. Осигурајте се дека вашите саксии не се премногу влажни, а вашите растенија ќе ви се заблагодарат. Обидете се да ја намалите фреквенцијата на наводнување наполу и ставете им вода на растенијата само доколку изгледаат жедни. Исто така  прекинете го и наѓубрувањето. Тоа не им е потребно сега.

    2. Истуширајте ги растенијата

    Тешко е да се поверува, но целата прашина што се акумулира на лисјата на растенијата ја спречува нивната способноста за фотосинтеза. На вашите растенија им е потребна сета светлина што може да ја добијат во овој период од годината, така што следниот пат кога ќе ги полевате, исплакнете го целото растение и внимателно поминете ги ливчињата со брисач, доколку е потребно. Советби можеле да ги ставите сите растенија во када и да пуштите туш, со нежен притисок!

    3. Добро затворете ги прозорците

    Многу растенија, особено тропските, се чувствителни на ладен воздух. Кога има провев тие ги отпуштаат лисјата! За да го решите овој проблем, осигурајте се дека вашите прозорци се цврсто затворени и изолирани, или дека вашите растенија се надвор од дофат на студен провев.

    4. Осветлете ги просториите

    Темно е. На вашите растенија им е потребно сонце. Доколку прозорците го попречуваат, обидете се да ги замените сијалиците со блескави свела во полн спектар. Или, ако сте вистински oпседнати со растенија, прилично лесно е да монтирате осветлувачки тела за поголема светлина.

    5. За пресадување е рано, но можете да поткаструвате.

    Знаете дека зимата не е време за пресадување на растенијата. Растот на корењата е бавен во овој период, а земјата во големите саксии останува влажна подолго време. Доколку пресадувате сега ризикувате гниење на коренот и преплавување. Но, не плашете се да ги отстраните лисјата кои станале жолти или кафени или некои продолжени израстоци. Веројатно нема да видите многу нови израстоци сè до пролет, но поткаструвањето , во меѓувреме, има за цел да направи нештата да изгледаат поубави.

    Следете ги овие совети и вешите собни растенија секогаш ќе изгледаат свежи и напролет ќе бидат подготвени за здрав период на активен раст.

  • Интересни факти за хризантемите

    Од сите свежи цвеќиња во светот, хризантемите се едни од омилените. Без разлика на приликата, хризантемите се идеален подарок било да вашата пратка е за некого посебен или за себе си, секогаш е интересно да научите повеќе за цвеќето кое го купувате и што е тоа што го прави толку посебно.

    Името chrysanthemum доаѓа од грчките зборови chrysosшто значи злато и anthos што значи цвет. Постојат неколку видови на хризантеми и зависно од видот тие цветаат во различно време од годината. Најиздржливите видови се познати по нивните цветови и во текот на постудените месеци. Хризантемите се поврзани со оптимизам, богатство, пријателство и мир. Како и повеќето други цвеќиња, црвените симболизираат љубов. Повеќето бели цвеќиња се симбол за некој вид на чистота и хризантемите не се исклучок. Белите хризантеми симболизираат вистина.

    Хризантемите се едни од светски најодгледуваните цвеќиња. Тие не се во фокусот на цветните аранжмани, но прават прекрасни раскошни бујни форми.

    Она што многумина не го знаат е дека хризантемите се сметаат за тропски цвеќиња и се дел од најголемата фамилија на цветни растенија наречена asteraceaeХризантемите се делат во девет различни категории и секој цвет е класифициран според начинот на кој се распределени нивните ливчиња. Кај некои цвеќиња ливчињата паѓаат надолу, а кај други растат нагоре. Ако подобро обратите внимание, ќе забележите дека секој цвет е како китка од мали цветчиња.

    Хризантемите најпрво се одгледувале во Кина како лековити билки во 15 век п.н.е. До 1630 година биле забележани преку 500 одгледувачи. Во кинеската уметност познати како „Четворица Благородници“ се декоративни црешиорхидеа, бамбус и хризантема. Многу се познати сликите нацртани со мастило или водени бои, а исто така хризантемите се тама на стотици кинески поеми. За прв пат биле донесени во Јапонија од будистичките свештеници VIIIвек п.н.е. Овие цвеќиња биле толку многу обожувани, што биле додадени на Империјалниот Грб. „Фестивалот на Среќата“ во Јапонија го прославува ова цвеќе, како и многубројните годишни саеми. Според фенг шуи, хризантемите претставуваат среќа и радост.

    Чајот од хризантеми е многу познат пијалок во Азија заради неговите лековити својства и неговиот вкус. Исто така е лесен за подготовка. Едноставно треба да ги попарите цветчињата во топла вода 10 минути. Чајот од хризантема помага при покачена температура, болки во грлото, воспаленија, па дури и акни. Но како и за другите третмани треба секогаш да бидете свесни за разните несакани дејства како кожни иритации или лесни проблеми во стомакот.