Јавното комунално претпријатие „Паркови и зеленило“ – Скопје работи и функционира согласно Законот за јавни претпријатиja, Законот за локална самоуправа и Законот за комунални дејности. Основач и сопственик на претпријатието е Град Скопје.
Претпријатието како правен следбеник на ЈКП „Комуналец“, самостојно функционира од 29.12.1992 год. ЈП „Паркови и зеленило“ е основач на две друштва со ограничена одговорност:
- ФЛОРАКОМ ДООЕЛ
- ЛУНА ДООЕЛ
ЈП „Паркови и зеленило“ врши дејност од јавен интерес во комуналната сфера на територија на Град Скопје, од кого е основано. Своето делување го реализира преку спроведување на Програмата за работа што ја усвојува Советот на Град Скопје на крајот на годината. Како единствено јавно претпријатие, кое се грижи за подигнување, уредување и одржување на зелените површини на територија на градот Скопје, претпријатието „Паркови и зеленило“ – Скопје има улога на сервис на граѓаните под мониторинг на стручните служби на градот Скопје.
Постоечката законска регулатива е мошне комплексна и овозможува остварување на основната дејност на ЈП „Паркови и зеленило“ – уредување и одржување на јавните зелени површини и тоа преку:
1. Одржување на јавното градско зеленило
2. Одржување на Вонградското зеленило и спортско рекреативните центри.
Јавното претпријатие ги извршува должностите во сектори, одделенија,
зони, реони, пунктови, објекти, и спортско рекреативни центри, организирани според природата и карактерот на работата, обемот, сложеноста, нивната
меѓусебна сродност и поврзаност.