ЛУНА ДООЕЛ Скопје е регистрирано друштвото за дејности на забавни и тематски паркови. Тоа е во државна сопственост, а основач на истото е
ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје.

Историјата на забавниот парк започнува со неколку забавни реквизити во далечните 1950ти години од минатиот век на локација кај денешен објект ‘Езерце’ во Градскиот парк. На сегашната локација во Градскиот парк е преместен во 1973 година кога за прв пат бил изграден комплетен забавен парк со забавни содржини. Во повеќедецениското постоење, Луна паркот неколку пати бил дополнуван со нови реквизити. Во месец април 2017 година забавниот парк на постоечката локација е затворен и започнати се градежни активности за изградба на нов забавен парк.
Во овој период Луна паркот располага со следните реквизити: Карусел 1, Карусел 2, Робот, Туристички воз и Пајтон.

Постоечките реквизити се распоредени на две локации во градот Скопје:

  • Парк „Авион“ – населба Ново Лисиче
  • Објект „Езерце“ – Градскиот парк.

Во сегашната постоечка форма, ТД Забавен парк ЛУНА ДООЕЛ Скопје е формиран на 09.11.2001 година од страна на ЈП Паркови и зеленило Скопје.

Адреса: ул. 1732 бр. 10 Градски парк Скопје
Контакт тел: 02/3163-827
Email: lunaskopje@yahoo.comlunapark976@yahoo.com

Управител: Горан Башевски

Email: lunaskopje@yahoo.com