Во расадниците на Флораком се производува декоративен дендролошки материјал, односно зимзелени и листопадни садници и мини четинари, перенијални цвеќиња, класична жива ограда и садници за пошумување. Покрај ова се вршат услуги за хортикултурно уредување на индивидуални дворни површини, фирми и други објекти. Производство на саден материјал се одвива во два погони, и тоа: Расадник Парк I и Расадник Бутел.
Во Расадник Парк I производството се одвива во две сезони – зимска и летна, со примена на контејнерски класичен метод, по вегетативен пат, со зимски и летни резници, полузрели резници и преку генеративен пат со семе.
Репроматеријалот за производство на садници се користи од сопствени матични стебла. Семенски материјал се собира од матични стебла од нашиот расадник. Истите се пикираат во песок и остануваат сè до нивно ожилување. Потоа се пресадуваат во контејнери познати како школување на садници. Овие садници потоа имаат примена по една до две години, откако ќе ја постигнат нивната комерцијала вредност, односно нивната големина. Дел од контејнерските садници се транспортира во погонот Бутел за понатамошно одгледување, а дел во ЈП Паркови и зеленило за реализација на планови и проекти за хортикултурно уреување на јавното градско и вонградско зеленило.
Во погонот Расадник Парк I се произведуваат разни видови на Thuyi, Juniperus, Criptomerya, Taxus, цветни грмушки, зимзелени грмушки, ползавици и перени.
Во Расадник Бутел се произведува декоративен дендролошки материјал од листопадни садници, грмушки, класична жива ограда, перени, производство на подлоги за калемње и нивно калемење и доодгледување на контејнерски садници од високи и мини четинари на отворена површина. Од листопадни садници се произведуваат: Acer, Fraxinus, Platanus, Aesculus hippocastanum, Tilia argentea, Betula alba, Cercis siliquastrum, Koelreuterija panniculata, Salix babilonica, Lagestroemia Indica, Melia azedarach, Fraxinus pendula, Aescuus carnea briottii, Fraxinus excelsior globossa, потоа повеќе видови на грмушки, класична жива ограда и перенијални цвеќиња.