Ова е тежок период од годината за вашите собни пријатели – растенијата, кога листовите почнуваат да стануваат жолти и тие едноставно изгледаат генерално несреќни.

Но, не се грижете! Имаме неколку совети кои ќе ви помогнат да им дадете среќен и зелен израз и да ги одржите растенијата живи во текот на зимата.

1. Намалете ја водата (а и ѓубривото)

Жолти лисја? Чудни бубачки што летаат околу саксиите? Мувлосана почва? Ова се симптоми на премногу наводнување во зима. Сите собни растенија бараат малку вода во зима. Пренаводнувањето е секогаш опасно, но во зима особено. Осигурајте се дека вашите саксии не се премногу влажни, а вашите растенија ќе ви се заблагодарат. Обидете се да ја намалите фреквенцијата на наводнување наполу и ставете им вода на растенијата само доколку изгледаат жедни. Исто така  прекинете го и наѓубрувањето. Тоа не им е потребно сега.

2. Истуширајте ги растенијата

Тешко е да се поверува, но целата прашина што се акумулира на лисјата на растенијата ја спречува нивната способноста за фотосинтеза. На вашите растенија им е потребна сета светлина што може да ја добијат во овој период од годината, така што следниот пат кога ќе ги полевате, исплакнете го целото растение и внимателно поминете ги ливчињата со брисач, доколку е потребно. Советби можеле да ги ставите сите растенија во када и да пуштите туш, со нежен притисок!

3. Добро затворете ги прозорците

Многу растенија, особено тропските, се чувствителни на ладен воздух. Кога има провев тие ги отпуштаат лисјата! За да го решите овој проблем, осигурајте се дека вашите прозорци се цврсто затворени и изолирани, или дека вашите растенија се надвор од дофат на студен провев.

4. Осветлете ги просториите

Темно е. На вашите растенија им е потребно сонце. Доколку прозорците го попречуваат, обидете се да ги замените сијалиците со блескави свела во полн спектар. Или, ако сте вистински oпседнати со растенија, прилично лесно е да монтирате осветлувачки тела за поголема светлина.

5. За пресадување е рано, но можете да поткаструвате.

Знаете дека зимата не е време за пресадување на растенијата. Растот на корењата е бавен во овој период, а земјата во големите саксии останува влажна подолго време. Доколку пресадувате сега ризикувате гниење на коренот и преплавување. Но, не плашете се да ги отстраните лисјата кои станале жолти или кафени или некои продолжени израстоци. Веројатно нема да видите многу нови израстоци сè до пролет, но поткаструвањето , во меѓувреме, има за цел да направи нештата да изгледаат поубави.

Следете ги овие совети и вешите собни растенија секогаш ќе изгледаат свежи и напролет ќе бидат подготвени за здрав период на активен раст.

Share