Уште една слика на недостиг на свесност и грижа за сè она што не опкружува!

Поставена препрека на самиот  канал за истекување на водите од езерцата во  Градски парк од страна на непознат сторител,  можеше да предизвика нарушување на протокот на водата и нејзино излевање.

Зар и ова е тоа што  треба да биде сликата на Градскиот парк?!

Нашето постојано залагање во одржувањето на зеленилото продолжува понатаму, но однесувањето и грижата за природата е заедничка обврска за сите нас.