Дабот е листопадно дрво од средна големина – расте помеѓу 10-20 метри во висина, со темнозелени кожести листови, елипсовидни, плитко, но остро назабени, со широка крошна. Листовите се сушат на есен и за разлика од другите листопадни дрвја на почетокот на есента листовите од дабот ја менуваат бојата, но се задржуваат на гранките и во

Во пресрет на овие празнични денови и во согласност со корпоративната политика на претпријатието, директорот Ангеле Сотировски утрово ги посети дечињата кои се лекуваат на Универзитетската клиника за детски болести. Во присуство на директорката на клиниката Аспазија Софијанова, директорот им посака пред сѐ добро здравје, среќно детство, и им приреди изненадување за што повеќе насмевки
Денес, започна голема акција за средување на тревниците во Градскиот парк. Со зголемен број на работници од останатите пунктови како и дополнителна механизација ги засиливме екипите во Градскиот парк за побрзо и поефикасно расчистување на сите тревни површини во паркот. Интензивно се гребула лисната маса во првиот и вториот дел на паркот, истата се собира
Уредувањето на јавните зелени површини низ градот продолжува. Така, овој период екипите од Секторот „Подигање  зеленило“ етапно извршуваат активности на повеќе локации. Една од веќе уредените  површини е зеленилото на аголот помеѓу улицата Есенинова и улицата Жил Верн во општина Кисела Вода. Просторот доби ново хортикултурно уредување на површина од 4.523м², каде покрај  уредувањето се
Одржувањето на зеленилото е наша задача, а и приоритет кој налага постојани активности, особено во зискиот период. Па така, собирање на лисјата, поткастрување на гранки од дрвјата, правење рабници, чистење на тревните површини од отпадоци, се само дел од тековните активности кои периодов  екипите ги извршуваат низ сите реони на јавните зелени површни во градот.
Градоначалничката Данела Арсовска официјално го назначи Ангеле Сотировски за нов в.д. директор на ЈП Паркови и зеленило. Досегашниот директор Ардијан Муча му го отстапи директорското место на новиот директор. Благодариме на Муча за заложбите во изминативе четири години, а на новиот директор Ангеле Сотировски му упатуваме честитки и му посакуваме успешна долгогодишна работа за уште
Низ сите реони, периодов се одвиваат активностите на есенското уредување на јавните зелени површини. Косење на тревниците, кроење на грмушки, расчистување на диво израснато зеленило, собирање на лисја се само дел од тековните активности на нашите екипи. Но, секако тука е и садењето на новиот есенски цветен расад. Така, со околу 150.000 цветови од видот: