Денес, започна голема акција за средување на тревниците во Градскиот парк. Со зголемен број на работници од останатите пунктови како и дополнителна механизација ги засиливме екипите во Градскиот парк за побрзо и поефикасно расчистување на сите тревни површини во паркот. Интензивно се гребула лисната маса во првиот и вториот дел на паркот, истата се собира и се изнесува со механизација. Акцијата ќе се одвива етапно и ќе  трае до крајот на неделата се додека целосно не се исчисти паркот од паднатиот лист. Увид во активностите  на терен и поддршка на работниците  им посака и директотот Ангеле Сотировски.

Share