Уредувањето на јавните зелени површини низ градот продолжува. Така, овој период екипите од Секторот „Подигање зеленило“ етапно извршуваат активности на повеќе локации. Една од веќе уредените површини е зеленилото на аголот помеѓу улицата Есенинова и улицата Жил Верн во општина Кисела Вода. Просторот доби ново хортикултурно уредување на површина од 4.523м², каде покрај уредувањето се инсталира и нов систем за полевање со 100 прскалки.