Во пресрет на овие празнични денови и во согласност со корпоративната политика на претпријатието, директорот Ангеле Сотировски утрово ги посети дечињата кои се лекуваат на Универзитетската клиника за детски болести. Во присуство на директорката на клиниката Аспазија Софијанова, директорот им посака пред сѐ добро здравје, среќно детство, и им приреди изненадување за што повеќе насмевки во Новата година. Така, покрај природни елки од нашите расадници, во дружба со веселиот Дедо Мраз дечињата добија и пакетчиња со книги, играчки и новогодишни кондиторски производи. Им посакуваме СРЕЌНА НОВА ГОДИНА на овие широки детски насмевки и радосни лица.

Share