Градоначалничката Данела Арсовска официјално го назначи Ангеле Сотировски за нов в.д. директор на ЈП Паркови и зеленило. Досегашниот директор Ардијан Муча му го отстапи директорското место на новиот директор. Благодариме на Муча за заложбите во изминативе четири години, а на новиот директор Ангеле Сотировски му упатуваме честитки и му посакуваме успешна долгогодишна работа за уште позелено и поубаво Скопје.

Share