Временските услови кои вчера го зафатија подрачјето на град Скопје, со интензивни врнежи од снег, наложија навремена екипираност на нашите екипи. Поради тежината на снегот и опасноста од кршење и паѓање на покревките дрвја екипите во текот на вечерните часови излегоа на терен и го отстрануваа снегот од садниците на повеќе критични места во градот. Со овие активности  екипите продолжуваат и во текот на денот при што се чистат и пешачките патеки во парковите. Во зависност од најавените временски услови, активностите ќе продолжат и во текот на наредните денови.

Share