Дабот е листопадно дрво од средна големина – расте помеѓу 10-20 метри во висина, со темнозелени кожести листови, елипсовидни, плитко, но остро назабени, со широка крошна. Листовите се сушат на есен и за разлика од другите листопадни дрвја на почетокот на есента листовите од дабот ја менуваат бојата, но се задржуваат на гранките и во текот на зимата.Овие дрвја обично се меѓу највековитите, поради што нивното стебло добива на масивност. Оттука, дабот е  симбол за цврстина, храброст и истрајност, па затоа има заначајна симболика. Бадниковото гранче е од дабово дрво, кое се смета за најиздржливо и за највековито. Бадниковото гранче, го симболизира здравјето, го слави животот и вечната среќа.

Во денот на примање на веста за христовото раѓање на верниците од христијанска вероисповед им го честитаме Бадник и им посакуваме да  бидат исполнети со радост, спокој,  мир и благосостојба!

 

 

Share