Ги прашиме цветните површини во централното градско подрачје.
На вчерашната седница на Советот на Град Скопје се донесе Одлука за изградба на Мега парк во општина Чаир. Се радуваме што ќе допринесеме за повеќе зелени површини во градот! Продолжуваме со агендата за чисто и зелено Скопје!
Сезонско цвеќе ги краси леите низ градот Отпочнавме со промена и дополнување на зимскиот цветен расад на повеќе локации низ зеленилото во градот. Денес новите цветови веќе се забележуваат на цветните површини спроти ЈЗУ Градска болница, а деновиве со љубичица ги уредивме и цветните леи пред Републичко собрание.
На зеленилото на бул.Филип Втори денес продолжуваме со акцијата за уредување на јавното зеленило, каде екипите вршат: -Косење на трева -Собирање откос -Кроење на грмушки -Собирање на хартија и отпадоци -Утовар во камион Согласно планот за работа активностите ќе се одвиваат и наредните денови, на претходно предвидени локации низ градот.
Отпочнавме акција за чистење на јавните површини во центарот на градот. Од денес теренските екипи на ЈП Паркови и зеленило во соработка со ЈП Комунална хигиена, ќе спроведат акција за чистење и уредување на зеленилото на булевар Гоце Делчев. Акцијата опфаќа косење на тревните површини, кроење на вегетацијата, собирање на отпадоци и смет, како и
Успешно ја завршивме акцијата за чистење и уредување на зеленилото од двете страни на патот, на потег од влезот на Сарај до с.Бојане, каде интензивно се вршеше: -детално чистење на површините покрај автобуските станици, -кастрење на гранките и грмушестите растенија крај патот, -косење на тревните површини и собирање на откос, -чистење на шут и отпадоци
Денес екипите ги исчистија езерцата во Градскиот парк од паднати лисја, гранки и отпадоци.
Вадење на стариот расад и подготовка на леите за престојното садење низ градското зеленило.
Кроење рози и нискостеблеста вегетација, собирање лисја, хартија и отпадоци се денешните активности на екипите во паркот Ибни Пајко.
Десетгодишнината од основањето на Здружение на граѓани АКЦИЈАШИ Скопје, денес го одбележавме со симболично садење на десет садници од видот thuja rozentalis во дворот на паркот на Пензионерскиот дом во Чаир. Донираните зимзелени садници веќе го разубавиваат зеленилото во дворот, благодарение на трудољубивоста, посветеноста и заложбата на лицата од здружението, овозможувајќи во просторот пријатен престој