Десетгодишнината од основањето на Здружение на граѓани АКЦИЈАШИ Скопје, денес го одбележавме со симболично садење на десет садници од видот thuja rozentalis во дворот на паркот на Пензионерскиот дом во Чаир.

Донираните зимзелени садници веќе го разубавиваат зеленилото во дворот, благодарение на трудољубивоста, посветеноста и заложбата на лицата од здружението, овозможувајќи во просторот пријатен престој за дружба, одмор и рекреација.

Претпријатието секогаш ги поддржува ваквите акции, вложува во заштитата на зеленилото и се залага за хортикултурно уредени простори низ градот.

Изразуваме целосна почит и благодарност за акцијата и продолжуваме со взаемната соработка.

Share