Отпочнавме акција за чистење на јавните површини во центарот на градот. Од денес теренските екипи на ЈП Паркови и зеленило во соработка со ЈП Комунална хигиена, ќе спроведат акција за чистење и уредување на зеленилото на булевар Гоце Делчев.

Акцијата опфаќа косење на тревните површини, кроење на вегетацијата, собирање на отпадоци и смет, како и утовар во камион. Според планот активностите ќе се одвиваат од двете страни и средната жардиниера долж булеварското зеленило, почнувајќи на потег од мостот Гоце Делчев сѐ до ТЦ Ист Гејт Мол.

Share