Уредувањето на цветните површини во пресрет на есенското садење активно се одвива низ јавните зелени површини во градот. Со денешните активности опфатено е зеленилото на кружниот тек во Ѓорче Петров, каде екипите вршат прекопување и рамнење на земјиштето на цветните леи. Со забрзан интензитет уредувањето ќе продолжи и наредните денови, за наскоро видовите на есенски
Изминативе неколку дена во Охрид се одржаа 29 Синдикални спортски игри Примарната цел на оваа манифестација е запознавање и дружење на вработените од различни институции преку спортските игри и можност за понатамошна соработка. Воедно, вработените од ЈП Паркови и зеленило ги постигнаа следните резултати: Аранжирање - 1 место: Наташа Алексовска Милена Радичевска Мал фудбал -
Денес директорот Сефи Шабани го посети расадникот Бутел и направи увид на дрвјата и садниците кои се од сопствено производство на претпријатието. Притоа, тој се информираше за предизвиците и состојбата на производните капацитети и садниците кои ќе бидат дел од уредените јавни зелени површини во градот. Директорот потоа ги посети теренските екипи на улица Рузвелтова,
Екипите од сектор Дрвореди периодов посветено вршат уредување на крошните на дрвјата низ главните улици и булевари во градот. Денес по должина на дрворедот на улица Рузвелтова извршивме поткастрување на гранките на дрвјата, овозможувајќи поголема прегледност и безбедност за сите учесници во сообраќајот. Како дел од предвидените комунални активности во одржување на вегетацијата низ градското
По повод 6ти Октомври- меѓународниот ден на живеалиштата, денес во првиот дел на Градски парк поставивме нови дрвени ќукарки за птици. Поставувањето го проследи и директорот Сефи Шабани заедно со раководниот тим, поздравувајќи ја идејата која беше доволна инспирација за вредните раце на нашите столари. Разновидната и богата вегетација во паркот е дом на голем
Булевар Филип Втори збогатен со нови садници Наша активност и денес останува садење на нови садници уредувајќи го страничното зеленило на булевар Филип Втори. Формирајќи дрворед, прекрасното листопадно дрво Liquidambar ќе го разубави просторот благодарение на неговата разнобојност. Септемвриските денови се како создадени за збогатување со нови садници, формирајќи ги зелените хоризонти на јавните површини
Во рамки на есенското раззеленување на градот новите украсни декоративни садници веќе ја даваат комплетната целина на зеленилото на булевар Гоце Делчев во центарот на градот. Потребата за одржување на булеварското зеленилото за нас претставува приоритет, кој во континуитет го спроведуваме со активности на косење на тревата, кроење на вегетацијата, реконструкција на зеленило како и
Реконструкција на дрвените реквизити на Водно. Покрај редовните активности на одржување на зеленилото и собирање на хартија и отпадоци, наша тековна обврска е и проверка на поставените парковски елементи и нивната функционалност. Екипите вредно вршат поправка на оштетените делови на детски реквизити кај месноста Марково крувче во парк-шумата Водно. Секојдневно посветено работиме за пријатен и
Оваа работна недела ја започнуваме со активности на уредување на булеварското зеленило по должина на бул. Гоце Делчев. Директорот Сефи Шабани заедно со директорот на ЈП Улици и патишта Ќамил Ковачи и претставници од други јавни претпријатија направија увид на состојбата на теренот и работата на теренските работници. Освен поткастрување на надвиснатите гранки, се врши