Со сезонска љубичица денес ги уредуваме цветните леи во реон Кале.
Периодов екипите работат на уредување на зеленилото на јавна површина - зелен плоштад во центарот на градот. Хортикултурното уредување се одвива етапно на потег од споменикот ,,Филип Втори” до „Даут-пашин амам”. Продолжуваме со активности за уредување на зелените површини низ градот!
Денес во Градскиот парк се одржа акција иницирана од фармацевтската компанија Рош, во соработка со Универзитетската клиника за неврологија, Македонското невролошко здружение и Град Скопје. Во присуство на претставници од Рош и директорот на Клиниката за неврологија, екипите на ЈП Паркови и зеленило на површина позади фонтаната Лотосов цвет засадија девет дрвја од видот јапонска
Во соработка со ЈП Градски паркинг ги искроивме и обликувавме дрвјата кај паркинг зоната А01 во општина Центар со цел сигурно и безбедно паркирање на возилата. А на булеварот Кочо Рацин и паркот Жена борец во тек е кроење на розите, како и собирање и изнесување на паднатиот лист.
Денес претставници од менаџментот на претпријатието присуствуваа на садењето садници на зеленилото на Средно Водно. Новите зимзелени садници од видот picea excelsa се донација од компанијата, и веќе го разубавуваат просторот во близина на Жичарницата, посакувајќи им пријатно добредојде на сите посетители на парк – шумата Водно. Работиме посветено за облагородување на јавните зелени површини,
Кроење на вегетацијата и уредување на зеленилото се активностите кои денес се одвиваа на страничното и средишното зеленилото на булевар Партизански одреди.
Согласно предвидениот план на активности, екипите од сектор Дрвореди денес извршија кастрење на два платани на улица Лазар Поп Трајков бр.29, во општина Гази Баба.
ЈП Паркови и зеленило ја информира јавноста дека ноќва околу 1 часот по полноќ избувна пожар во дирекцијата на претпријатието, поточно во делот на архивата, магацинот и просториите на Секторот за финансии. По брзата реакција на чуварската служба и брзата интервенција на противпожарната бригада пожарот е навремено изгаснат и не е причинета голема материјална штета,
Реконструкцијата на зеленилото на кејот на реката Вардар продолжува. Во тек е третата фаза на потег од мост Генерал Mихајло Апостолски до мост Близнак.
Со зголемен број работници се расчистува и уредува зеленилото на бул. Македонско-косовска бригада во општина Чаир. Активностите кои ги вршат екипите се следните: Кроење грмушки Собирање лист и отпадоци Утовар и изнесување