Денес претставници од менаџментот на претпријатието присуствуваа на садењето садници на зеленилото на Средно Водно. Новите зимзелени садници од видот picea excelsa се донација од компанијата, и веќе го разубавуваат просторот во близина на Жичарницата, посакувајќи им пријатно добредојде на сите посетители на парк – шумата Водно.

Работиме посветено за облагородување на јавните зелени површини, каде во соработка со општествено одговорните компании придонесуваме за зачувување на зеленилото и животната средина.

Благодарност до Стопанска Банка за подвигот и до нашите вредни екипи!

Share