Денес во Градскиот парк се одржа акција иницирана од фармацевтската компанија Рош, во соработка со Универзитетската клиника за неврологија, Македонското невролошко здружение и Град Скопје.

Во присуство на претставници од Рош и директорот на Клиниката за неврологија, екипите на ЈП Паркови и зеленило на површина позади фонтаната Лотосов цвет засадија девет дрвја од видот јапонска цреша, во чест на девет лица заболени од ретка болест од спектарот на NMOSD.

Целта на акцијата е да се подигне свеста на населението и сите општествени чинители во државата за ретки болести за што ЈП Паркови и зеленило секогаш дава целосна поддршка.

Share