Автор: unet

  • Зачудувачки живи скулптури

    Наместо да се сечат дрвјата за од нив да се направат конструкции, можат да се обликуваат живите дрва и да се приклучат во градот, давајќи му повеќе живот, чист воздух и убавина, стотици години со многу мало одржување. Многу нешта можат да израснат од дрвјата, што сега се прават од метал, пластика или дрво. Ако сакаме да преживееме како вид, треба да соработуваме заедно со другите живи битија на планетата, а не само да ги искористуваме и злоупотребуваме за краткотрајни придобивки.

    Штом ќе сфатат луѓето колку е лесно ова, дрвата ќе бидат интегрирани во градовите на начин кој порано бил незамислив и ќе го промени начинот на кој комуницираме со природата.

  • Растенијата исчезнуваат многу побргу…

    Застрашувачки но вистинито – нашата планета е во моментов среде своето шесто масовно исчезнување на растенијата и животните, шестиот бран на исчезнување во последните половина билион години. Ние во моментов се соочуваме со најлошата серија на исчезнувања од загубата на диносаурусите пред 65 милион години. Иако исчезнувањето на видовите е природен феномен, тоа се случува на природна позадинска стапка од околу еден до пет вида годишно. Научниците проценуваат дека ние сега губиме видови од 1000 до 10000 пати повеќе од позадинската стапка, со буквално десетици исчезнати секој ден. Тоа навистина може да биде страшна иднина со исчезнати 30-50% од сите видови кои се на правец на исчезнување до средината на овој век.  

    За разлика од претходните глобални исчезнувања кои настанале како последица од астероидски удари, вулкански ерупции и природни климатски промени, сегашната криза е скоро целосно предизвикана од нас – луѓето. Всушност, 99% од моментално загрозените видови се под ризик од човечки активности, првично преместувањето на живеалиштата, воведување на егзотични видови и глобално затоплување. Бидејќи степенот на промена во нашата биосфера се зголемува, а и истребувањето на секој вид потенцијално води кон исчезнување на други видови поврзани со тој во една сложена еколошка мрежа, бројот на исчезнувања е како ефект на снежна топка која енормно се зголемува во декадата која следи.

    За разлика од животните, растенијата не можат да веднаш да го променат своето живеалиште кога им е уништено, што ги прави особено ранливи на изумирање. Глобалното затоплување значително го влошува овој проблем. Затоплувањето на температурите веќе предизвикуваат брзи и драматични промени во опсегот и распределбата на растенијата ширум светот, велат научниците. Бидејќи растенијата го сочинуваат столбот на екосистемите и се основа во ланецот на исхрана, тоа се многу лоши вести за ситевидови, кои зависат од нив за храна, живеалиште и опстанок. Дали ние ќе го одбегнуваме ова или не, зависи од нашите постапки, предупредува Стјуард Пим.

  • БУТАН – Најзелената земја на светот

    Бутан наоѓа на Хималаите и нејзините жители ја чуваат природата во нејзината оригинална форма и убавина.

    Иако целта на властите била да го сведат на нула нивото на јаглероден диоксид, тие успеаја да постигнат дури и негативно ниво. Односно, жителите произведуваат 1.5 милион тони јаглероден диоксид, додека шумите апсорбираат над 6 милиони тони. И покрај ова државата ќе оди уште понапред префрлајќи се на целосно органско производство до 2020 година и нула производство на стакленички гасови и отпад до 2030 година.

    Минатата година Бутан влезе во Гинисова книга на рекорди засадувајќи 49.672 дрвја за само еден час. А еден месец претходно сите 82000 домаќинства во Бутан засадија неверојатни 108.000 дрвја за да го прослават раѓањето на првото дете на кралот Кесар и кралицата Џетсон.

    Во Будизмот дрвото е снабдувач и хранител на сите животни форми, симболизирајќи долговечност, здравје, убавина и сомилост. Зачувувањето на шумите и природната средина е во суштината на борбата со климатските промени, нешто што повеќето земји го игнорираат. Но Бутан не само што ги штити шумите од сечење, туку постојано ја зголемува пошумената површина. Моментално72% од површината на државата се покриени со шума, додека Уставот на Бутан ги обврзува граѓаните со барем 60%.

    Во Бутан се верува среќата е поврзана со природата и доколку нема сооднос меѓу нив нема да има ни рамнотежа. Земјата не го мери својот успех според бруто-домашниот производ како што прават сите други нации со пресметување на монетарната вредност на тоа што го произведуваат, туку ја мери бруто националната среќа.

    Со ова државата се надева да придонесе за зачувувањето на средината и на планетата Земја што е доказ дека оваа мала држава е дефинитивно огромна по својата неверојатност.  

  • Моќта на “гушкањето дрвја” сега и научно докажанa!

    Според научниците, да прегрнеш дрво не е само начин да се покаже љубовта кон природата и дрвјата, туку вреди многу повеќе од тоа.

    Всушност, дрвјата можат да имаат позитивни здравствени ефекти на некои состојби како што се депресија, концентрација, стрес и некои други облици на ментални болести. Бројни студии покажуваат значаен психолошки и физиолошки напредок кај деца кога поминуваат време меѓу дрвја ирастенија. Истражувањата покажуваат дека децата функционираат подобро во зелени средини и дека опкруженост со природно зеленило ја буди креативноста и фантазијата. Кога гушкате дрво дури и главоболките престануваат.

    Вибрационите својства на дрвјата и растенијата се всушност тоа што влијае позитивно на нашето здравје, вели Метју Силверстоун во својата книга „Blinded By Science“. Експериментот покажува дека чаша вода која што емитува вибрација од 10Hz може да предизвика коагулација на крвта, односно да ја измени во истиот момент. Истото е и со дрвјата. Кога допирате дрво тоа има различни комбинации на вибрации од човекот кои позитивно влијаат на разни биолошки постапки во вашето тело.

  • ЕКО ЕДУКАЦИЈА

    Едукација и развивање на свеста за заштита на животната средина кај децата

    Планетата Земја е нашиот дом. Овој дом го споделуваме со сите живи битија, а ние луѓето сме тие коишто уживаме и се радуваме на убавините и чудата на земјата, небото, водите и воопшто на животот во сите негови разновидности. Затоа, треба да се грижиме за животната средина во којашто живееме. Aкo сакаме да ја зачуваме прекрасната природа на нашата земја, треба да ги едуцираме децата и младите генераци.
    Овој проект се организира со таа цел, да се развива еколошката свест и да се учи од рана возраст, бидејќи децата кои имаат чест контакт со природата во детството, создават љубов и почит кон целата животна средина и сè што нè опкружува.

    Едукација и развивање на свеста за заштита на животната средина кај децата
  • ПОСТАПКА ЗА СЕЧЕЊЕ ДРВЈА

    Постапка за сечење и кастрење дрвjа и гранки:

    – Физичко/правно лице поднесува Барање до Град Скопје – Сектор за комунални работи.
    (Барање за сечење (корнење-кастрење) на дрва, грмушки и жива ограда на јавна или дворна површина)

    – Стручни лица со увид на лице место ја утврдуваат состојбата и потребата за сечење, односно кастрење на дрвото и донесуваат Решение.

    – ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје ја најавува активноста во Град Скопје и релевантната општина и постапува според издаденото Решение.

    Постапката се извршува според член 29 од Законот за урбано зеленило (бр. 08-371/1 од 15.01.2018 год.).

     

     

     

    Член 29

     (1) Постапката за утврдување на потребата за сечење, односно кастрење на оштетено дрво, како и за дрво за кое надлежната служба ќе утврди потреба за негово сечење, односно кастрење, започнува со барање на физичко, правно лице или по службена должност.

    (2) Врз основа на поднесеното барање од ставот (1) на овој член, општината или градот Скопје се должни да донесат решение со кое ќе ја утврдат потребата за сечење, односно кастрење на оштетеното дрво, и на видливо место се обележува дека дрвото е за сечење или кастрење со црвена боја на височина од 130 сантиметри (сечење: „С“ или кастрење: „К“).

    (3) Со решението од ставот (1) на овој член се определува извршителот и рокот во кој истото ќе се спроведе, согласно со Правилникот од од членот 12 став (3) од овој закон.

    (4) Против решението од ставот (3) на овој член може да се поднесе жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање.

    – При временска непогода или во друг случај кога има паднати дрвја на коловоз или јавна површина, по дојава на Центар за управување со кризи екипата на сектор Дрвореди излегува на терен и го отстранува дрвото.

     

    Постапка за обесштетување при вршење на активности од дејност:

    • Постапка при паднато дрво или гранка

    Во случај на паднато дрво или гранка, постапката е прво да се извести МВР и да се направи увид и полициски записник на местото на настанот за констатација на состојбата. Потоа самиот оштетен прави фотографии како доказ (доколку е во можност) и доаѓа во Дирекцијата на претпријатието да го пријави настанатиот случај. Потоа се прави Пријава на штетата која ја изготвува лицето за осигурување  од ЈП  „Паркови и зеленило“, и се доставува до осигурителната компанија со која е склучен договор за обесштетување. Обесштетувањето се врши само во случај кога за тоа дрво има добиено Решение за сечење од Секторот за комунални работи на Град Скопје.

     

    • Постапка при одржување (косење) на јавно зеленило

    Во случај на настанување на штета при вршење на работни активности од дејност постпката е следна: прво се известува – повикува МВР и се прави увид и полициски записник  на местото на настанот за констатација на состојбата. Потоа раководителот на реонот дава  Изјава  за настанатата штета и истата се доставува во Дирекцијата на претпријатието. Потоа се прави  Пријава  на штетата која ја изготвува лицето за осигурување од ЈП „Паркови и зеленило“, и се доставува до осигурителната компанија со која е склучен договор за обесштетување.

  • ПАРКОВСКИ ЕЛЕМЕНТИ

    За уредување на јавните зелени површини Претпријатието изработува парковски елементи

    ????????????????????????????????????

    Воз жардиниера

    ??????????????????????

    Голем павилјон – видиковец

    OLYMPUS DIGITAL CAMERA

    Голем рекреативен детски реквизит

    Дрвена ограда

    Дрвена ограда

    Дрвени тезги

    Дрвени тезги

    Дрвени триножни ногарки

    Дрвени триножни ногарки

    Информативна табла

    Информативна-табла

    Корпа за отпадоци

    Корпа за отпадоци

    Мал павилјон - видиковец

    Мал павилјон видиковец

    OLYMPUS DIGITAL CAMERA

    Мал рекреативен детски реквизит

    OLYMPUS DIGITAL CAMERA

    Маси со комплет клупи

  • ЦВЕТНИ ФИГУРИ

    OLYMPUS DIGITAL CAMERA

    Желка

    OLYMPUS DIGITAL CAMERA

    Желка

    OLYMPUS DIGITAL CAMERA

    Корпа

    ????????????????????????????????????

    Корпа

    Лебеди 2

    Лебеди

    Лебеди

    Лебеди

    ????????????????????????????????????

    Паун

    OLYMPUS DIGITAL CAMERA

    Пеперутка

    Пеперутки

    Пеперутки

    ????????????????????????????????????

    Полжав

    Топка

    Топка

    Штрк

    Штрк