Според научниците, да прегрнеш дрво не е само начин да се покаже љубовта кон природата и дрвјата, туку вреди многу повеќе од тоа.
Всушност, дрвјата можат да имаат позитивни здравствени ефекти на некои состојби како што се депресија, концентрација, стрес и некои други облици на ментални болести. Бројни студии покажуваат значаен психолошки и физиолошки напредок кај деца кога поминуваат време меѓу дрвја ирастенија. Истражувањата покажуваат дека децата функционираат подобро во зелени средини и дека опкруженост со природно зеленило ја буди креативноста и фантазијата. Кога гушкате дрво дури и главоболките престануваат.
Вибрационите својства на дрвјата и растенијата се всушност тоа што влијае позитивно на нашето здравје, вели Метју Силверстоун во својата книга „Blinded By Science“. Експериментот покажува дека чаша вода која што емитува вибрација од 10Hz може да предизвика коагулација на крвта, односно да ја измени во истиот момент. Истото е и со дрвјата. Кога допирате дрво тоа има различни комбинации на вибрации од човекот кои позитивно влијаат на разни биолошки постапки во вашето тело.