Минатата година Бутан влезе во Гинисова книга на рекорди засадувајќи 49.672 дрвја за само еден час. А еден месец претходно сите 82000 домаќинства во Бутан засадија неверојатни 108.000 дрвја за да го прослават раѓањето на првото дете на кралот Кесар и кралицата Џетсон.
Во Будизмот дрвото е снабдувач и хранител на сите животни форми, симболизирајќи долговечност, здравје, убавина и сомилост. Зачувувањето на шумите и природната средина е во суштината на борбата со климатските промени, нешто што повеќето земји го игнорираат. Но Бутан не само што ги штити шумите од сечење, туку постојано ја зголемува пошумената површина. Моментално72% од површината на државата се покриени со шума, додека Уставот на Бутан ги обврзува граѓаните со барем 60%.