Продолжуваме со косење на зеленилото долж булевар Партизански Одреди во населба Карпош 4.
Денес теренските екипи го косат зеленилото во вториот дел на Градски парк.
Денес нашите теренски екипи ја косат тревната површина од десната страна на кејот на Вардар. Истовремено, се уредуваат косините покрај вело-патеките, како и зеленилото во делот за рекреација.
Продолжуваме со редовните активности на косење и средување на зеленилото во централното градско подрачје во реонот Кале.
Денес го уредуваме зеленилото во централното градско подрачје на потегот од Камени мост до мостот кај МАНУ од десната страна на кејот на Вардар. На овој потег вршиме косење на тревата, собирање откос и отпад, плевење, а се врши и чистење на вело патеките.
Континуираното косење на тревните површини и собирањето откос останува наша актуелна активност која теренските екипи ја спроведоа денес на дел од зеленилото во општина Бутел.
Продолжуваме со оплеменување на зелениот коридор со нови садници на булевар 8 ми Септември.
Косењето на тревните површини останува наша приоритетна активност која денес интензивно ја реализираме од десната страна на кејот на Вардар, на потег од хотел Русија до хотел Хилтон, во општина Аеродром.
Почетокот на неделата ја означуваме со уредување и косење на зеленилото долж булеварот Никола Карев во реонот Кале.
Машинското косење на тревните површини низ градот останува во редот на приоритетните активности каде денес го реализиравме на зеленилото во средната жардиниера на булевар Христијан Тодоровски Карпош и парк Чаир.