Денес градоначалничката Данела Арсовска и директорот Реџепи Зухејр заедно со градоначалникот на општина Сарај - Блерим Беџети, беа во посета на СРЦ Сарај за да направат увид на активностите на теренот. Во планот на работните активности кои периодов ги реализираме е проектот за уредувањето на јавното зеленило во општина Сарај, каде отпочнавме со хортикултурно уредување
Покрај секојдневното собирање на паднатите лисја низ зелените површини, деновиве ќе забележите и кроење на садниците и грмушките од вредните раце на теренските екипи низ булеварите и парковите во градов.
Продолжуваме со есенската акција за уредување на градот. Денес садиме садници од видот taxus baccata во средишното зеленило на ул. Водњанска, што како густ и компактен зимзелен четинар ќе се протега долж сообраќајницата. Уредувањето со новите садници на оваа улица ќе продолжуви и наредните денови.
Во aктивностите на есенското садење млади садници го вбројуваме и Рајски парк, во населбата Ново Лисиче. Денес екипите од тој реон вршат засадување со зимзелена грмушка од видот фотинија, оформувајќи лавиринт. Новиот лавиринт совршено се вклопува во амбиентот на оваа парковска површина.
За центарот на градот да биде секогаш убав, со сезонски цветен расад и нови садници се потрудија екипите од реонот Ректорат, давајќи го својот несебичен придонес.
Со нови листопадни, зимзелени садници и грмушки деновиве хортикултурно го облагородивме зеленилото во паркот на улицата Јужноморавски бригади во општина Гази Баба. На новоподигнатиот зелен плоштад кој претходно беше неуреден простор, извршивме негово целосно расчистување и уредување на локацијата со формирање тревник со површина од 4.850м2. Автохтоните садници го дополнуваат изгледот заедно со останатите содржини
Завршуваме со цветното разубавување на Градскиот парк за оваа есен, каде цветната разноликост од бои разиграно се издвојува низ зеленилото во паркот.
На оваа локација која долги години беше неуредена, веќе се забележува тревната површина, каде деновиве екипите хортикултурно ја уредија со садење на нови нискостеблести растенија од видот euonymus alatus.
Денес, бевме дел од организацијата на садењето на нови дваесет садници во Градскиот парк. Центарот за истражување и информирање во животната средина Еко-свест, по повод 20 години од постоењето, симболично донираше 20 листопадни и зимзелени садници кои беа засадени во Градскиот парк, најомиленото место за одмор и рекреација на скопјани. Пораката која до јавноста се
Веќе се гледа трудот и посветената работа на екипите од СРЦ Сарај, Водно и Гази Баба. По налог на Град Скопје завршени се дел од видиковците кај с.Крушопек, с.Шишево, во близина на патот кон с.Нерези и подножјето на падините на Водно. Во престојните зимски денови, како бегство од аерозагадувањето овие парковски елементи сигурно ќе бидат