Денес, бевме дел од организацијата на садењето на нови дваесет садници во Градскиот парк.

Центарот за истражување и информирање во животната средина Еко-свест, по повод 20 години од постоењето, симболично донираше 20 листопадни и зимзелени садници кои беа засадени во Градскиот парк, најомиленото место за одмор и рекреација на скопјани.

Пораката која до јавноста се испраќа со овој настан е дека е неопходно сите да ги активираме нашите можности и да придонесеме за заштита на животната средина и ублажување на климатските промени, затоа што се работи за нашата сегашност и нашата иднина.

Директорот Зухејр Реџепи и ЈП Паркови и зеленило, како општествено одговорно претпријатие, даваат силна поддршка на ваквите акции и секогаш се отворени за соработка со сите граѓани, здруженија, организации и институции кои делуваат за истата агенда, унапредување на јавните политики за одржливо живеење, чиста и здрава околина и заштита на животната средина.

Искажуваме голема благодарност за организација на настанот до претставниците на Еко-свест, како и на Амбасадата на Кралството Шведска и Министерот Насер Нуредини со претставниците на Министерството за животна средина и просторно планирање, кои го поддржаа настанот.

Share