Денес градоначалничката Данела Арсовска и директорот Реџепи Зухејр заедно со градоначалникот на општина Сарај – Блерим Беџети, беа во посета на СРЦ Сарај за да направат увид на активностите на теренот.

Во планот на работните активности кои периодов ги реализираме е проектот за уредувањето на јавното зеленило во општина Сарај, каде отпочнавме со хортикултурно уредување на зелен плоштад на површина од 1.900м².
Концептот за уредување на зелениот плоштад е поставен врз основа на самиот простор, а интервенцијата ќе се одвива етапно до целосна негова реализација. Фондот на новопредвидените садници го сочинуваат зимзелени и листопадни декоративни дрвја и грмушки кои функционално и естетски најмногу одговараат на просторот, создавајќи естетска композиција. Со реконструкцијата е предвидено подигање на тревен појас, поставување на видиковец и други парковски елементи кои ќе овозможат пријатен престој и починка на жителите од оваа општина.

Share