Со нови листопадни, зимзелени садници и грмушки деновиве хортикултурно го облагородивме зеленилото во паркот на улицата Јужноморавски бригади во општина Гази Баба.

На новоподигнатиот зелен плоштад кој претходно беше неуреден простор, извршивме негово целосно расчистување и уредување на локацијата со формирање тревник со површина од 4.850м2. Автохтоните садници го дополнуваат изгледот заедно со останатите содржини во паркот, вклопувајќи се како уредена јавна зелена површина во овој дел од градот.

Share