Категорија: Uncategorized
-
Тековни активности
Кроење на суви и надвиснати гранки над велосипедските и пешачките патеки.Нашите екипи деновиве го уредуваат булеварското зеленилото на повеќе локации низ општина Карпош. Со цел зголемена прегледност и безбедност на минувачите денес се кастрат и се обликуваат крошните на дрвјата по должина на ул.Никола Парапунов. -
-
-
-
Одбележан октомври-меѓународниот месец на „розовата панделка“
Месец Октомври – меѓународниот месец на подигање на свеста на ракот на дојка, и оваа година го одбележавме на симболичен начин со садење цвеќе. Разубавувајќи ја цветната форма панделка во Градскиот парк со нов цветен расад од видот хризантема, директорот Ардијан Муча и техничкиот директор Игор Велјаноски заедно со вработените, припадничките на понежниот пол засадиjа цвеќе, боејќи го препознатливиот симбол „розова панделка“ давајќи силна поддршка и порака за оваа борба против ракот на дојка. Како општествено одговорна компанија, и овој пат продолжуваме со заложбите во помагањето за подигнување на свеста, давајќи несебична поддршка на лицата кои се борат со оваа тешка болест.
Ова е една мала, но значајна поддршка до сите нив, зошто секој заслужува шанса да се бори!
-
-
-