Јавното претпријатие Паркови и зеленило и директорот Сефи Шабани на албанската заедница им го честитаат 22 Ноември - Денот на Албанската азбука. Јазикот и писмото се национална идентификација на еден народ, и преставуваат мостови до другите традиции, култури и духовни наследстава. Честитки за годишнината на албанските букви, честитки за ноемвриските празници.
Со задоволство ја прифативме иницијативата на еко - активистите од компанијата Моја фирма, за садење садници. Во присуство на директорот Сефи Шабани, претставници од Град Скопје и од општествено одговорната компанија денес се засадија 100 нови дрвја од видот acer platanoides збогатувајќи го зеленилото во мега паркот Даме Груев кај Лепенец. Преку ваквите акции на
Од денешните активности го издвојуваме уредувањето на зеленилото по десното течение на кејот на реката Вардар, на потег од мостот Беласица до мостот Близнак, во општина Аеродром. Одржување и уредување на јавното зеленило е наша заложба која секојдневно ја спроведуваме за почиста животна средина.
Со ноемвриското садење на садници го опфативме зазеленувањето на средишното зеленило на булевар Партизански одреди. Уникатната туја смарагд (thuja smaragd), декоративната туја ауреа (thuja aurea) и зелено - жолтиот јуниперус (Juniperus sabina Tamariscifolia) се новите садници со кои го дополнивме овој дел од булеварското зеленилото.
Косење на трева, собирање откос, кроење и уредување на вегетацијата се денешните активности на теренските екипи на средување на целокупната јавна зелена површина во кругот на Спортскиот центар Борис Трајковски. На дел од јавниот простор уредувањето го дополнивме со садење на сезонска хризантема (chrysanthemum) во повеќе бои.
Покрај редовните активности на одржување и уредување на зеленилото, со розова, црвена и бела хризантема (chrysanthemum) ја уредивме цветната површина на кружниот тек на булевар Србија во општина Кисела Вода. Хризантемата со својата бујна форма и силни бои го подобрува расположението во овие дождливи есенски денови.
Со садење сезонско цвеќе, собирање и изнесување на паднатите лисја, денес го уредивме дворот на детската библиотека Другарче во општина Карпош.
Средната жардиниера на булевар Партизански одреди од денес е збогатена со нови млади садници од видот туја (thuja aurea).
Нашите екипи денеска вршат поткастрување на дрвјата на булевар Митрополит Теодосиј Гологанов со цел зголемување на безбедноста на сите минувачи. Воедно со поткаструвањето, се овозможува непречено движење на пешаците и велосипедистите по патеките, и се обезбедува поголема прегледност на сообраќајната сигнализација, со што се зголемува безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Отстранувањето на сувите и
Со интензивното паѓање на лисјата на зелените површини во овој период од годината, нашите екипи ги интензивираа активностите за нивно собирање од тревните површини. Во согласност со временските услови, теренските екипи денеска вршеа утовар на собраната маса во Градскиот парк.