Работната недела ја започнуваме со акција за косење на страничното зеленилото на Јадранска магистрала (Качаначки пат) на излез од градот. Теренските екипи од повеќе реони ја косат нискостеблената вегетација покрај патот за поголема прегледност и безбедност на возачите во сообраќајот. Акцијата ќе се одвива и наредните денови, сѐ до расчистување на потегот согласно планираните активности.
Тековното одржување на тревниците и нивно редовно косење, чистење од хартија и отпадоци се дел од секојдневните активности што ги спроведуваме низ булеварското зеленило и парковите. Тоа се ѝ денешните активности на екипите од реон Карпош коишто го косат и расчистуваат страничното зеленило на булевар Илинден.
Теренските екипи координирано го одржуваат јавното зеленило низ сите реони на градот. Со денешните активности го опфативме и булеварското зеленило кај кружниот тек во населбата Автокоманда. Активностите на косење трева, собирање откос, чистење и собирање хартија и отпадоци покрај на посочената јавна површина ги реализиравме и низ преостанатото околно зеленило во паркот Скулптура.
Од севкупните денешни активности на реонските екипи го издвојуваме уредувањето на зеленилото на булеварот Христијан Тодоровски Карпош во општина Бутел. Косење трева, собирање откос, собирање хартија и отпадоци остануваат на листата на приоритетни задачи во одржувањето на страничното зеленилото и средишната жардиниера по должината на истоимениот булевар.
Уредувањето на леите со сезонски расад од видот бегонија се денешните активности на екипите од реонот Центар. Во паркот Жена Борец во цветните леи екипите вршат дополна со нов цветен расад онаму каде што истиот недостига и е оштетен. Нѐ секогаш уредените површини низ градското зеленило ја задржуваат својата компактност, затоа апелираме до сите посетители
Косење трева, наводнување на зеленилото и собирање хартија и отпадоци се денешните активности на екипите во Рајски парк во населбата Ново Лисиче. Парковите низ градското зеленило со својата хортикултурна структура и уредување, парковски елементи и други содржини, претставуваат вистинско место за одмор и релаксација на граѓаните во овие летни месеци.
Денеска вршиме машинско косење на тревните површини низ јавното зеленило во општина Аеродром. Реонските екипи со косилица и тример ја косат тревата на средишното зеленило по должината на булеварот Јане Сандански како дел од редовните задачи предвидени со денешниот план за работа. Булеварското зеленило со својата структура и распространетост низ сообраќајниците во градот во летниот
По повод денешниот ден кога точно пред 60 години во пет часот и седумнаесет минути градот Скопје доживеа катастрофален земјотрес, ден кој остави длабоки траги за жителите и духот на градот, со голема почит и во знак на сеќавање ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје оформи нова цветна површина уредена со сезонски цветен расад отсликувајќи
Нашата заложба за уредени зелени површини и паркови секојдневно ја спроведуваме со тековните активности на екипите низ реоните во сите скопски општини. Од денешниот план од теренските екипи го издвојуваме кроењето на дрвја и грмушки низ зеленилото во Паркот на бранители и преостанатото зеленило во реон Драчево. Со редовното поткастрување и оформување на крошните на
Континуирано и секојдневно теренските екипи ги реализираат активностите за уредување на зеленилото во грижата на севкупните површини низ градот. Во тој дел деновиве екипите го реализираа и оплеменувањето на цветната површина со сезонскиот тагетес на зеленилото на кружниот тек во општина Кисела Вода. Жолтата нијанса на цветот разиграно се проткајува низ зеленилото давајќи целина на