Вчерашното краткотрајно невреме со силен ветер, наместа проследено со врнежи од дожд што го зафати подрачјето на град Скопје, предизвика оштетување на зеленилото особено на дрвјата низ градот.
Теренските екипи од секторот Дрвореди со соодветна механизација интервенираа на 15ина пријави, сѐ до расчистување на теренот
до доцните вечерни часови.
Најзасегнати делови од невремето со најголем број на паднати дрвја и гранки имаше во општина Аеродром, Центар и Карпош.
Денес продолжуваме со расчистувањето на теренот со активности каде се вклучени и екипите од сите реони.
Share