Распоредени на неколку локации по левото и десното течение на Вардар, теренот го косиме етапно.
Екипите со соодветна механизација работат на косење на тревните површини, сечење на дивоникната нискостеблеста вегетација, чистење на површините на косините и ширините од коритото на реката Вардар.
Со активностите продолжуваме и во наредниот период, во насока на посветено и редовно одржување на јавните зелени површини во градот во полза на посетителите и за целите на рекреација на граѓаните на кејот на Вардар.