Продолжуваме со оплеменување на зелениот коридор со нови садници на булевар 8 ми Септември.
Косењето на тревните површини останува наша приоритетна активност која денес интензивно ја реализираме од десната страна на кејот на Вардар, на потег од хотел Русија до хотел Хилтон, во општина Аеродром.
Почетокот на неделата ја означуваме со уредување и косење на зеленилото долж булеварот Никола Карев во реонот Кале.
Машинското косење на тревните површини низ градот останува во редот на приоритетните активности каде денес го реализиравме на зеленилото во средната жардиниера на булевар Христијан Тодоровски Карпош и парк Чаир.
Страничното зеленило на булевар 8 ми Септември го дополнивме со нови садници од видовите viburnum tinus, photinia sp.,taxus baccata и lonicera nitida. Праволиниски распоредени тие комплетно се надоврзуваат со другото зеленило на овој дел од зелениот коридор.
Денес го косиме зеленилото во реон Кале.
Пролетното уредување низ зеленило во градот го дополнивме со садење на нови садници од видовите juniperus horizontalis, juniperus retinospora, thuja berkman, euonimus em. gold, photinia spp, buxus sempervirens. Во жардиниерите од левата страна под Камениот мост новите садници даваат свеж лик на овој дел во центарот на градот.
Работната недела ја започнуваме со косење на тревната површина, собирање откос и отпадоци и чистење на патеки низ зеленилото на кејот на Вардар. На потег од спортската сала Јане Сандански сѐ до мостот во населбата Ново Лисиче по левото течение, уредувањето ќе се одвива етапно во наредните денови.
Периодов посветено работиме на уредување на зеленилото кај кружниот тек и паркот Скулптура во населбата Железара. Активностите ќе се одвиваат и наредните денови, продолжувајќи со уредување и на останатото зеленило во овој дел од градот.
Од денешните пролетни активности во Центар, го издвојуваме кроењето на зеленилото на средишната жардиниера на булевар К. П. Мисирков.