Цветната фигура Штрк на булевар Јане Сандански украсена со нов цветен расад.
Летниот расад од видот агератум дава целосна компактност на самата цветна конструкција на фигурата Штрк на зеленилото на булеварската жардиниера, во општина Аеродром.
Цветниот дел го обновивме со засадивање на околу 700 коренчиња цвеќе, како тековна активност во обликување на цветните површини и форми во пејсажната структура на урбаното зеленило.