Исклучително високите температури значително влијаат врз сите активности кои нашите екипи секојдневно ги спроведуваат во редовното одржување на зелените површини.
Според тоа од вчера 22:00ч. до 6:00ч. утрово теренските екипи од сите реони низ градското зеленило започнаа со ноќно полевање на јавните зелени површини во градот.
Со ова исто така се обезбедува непречено снабдување со вода до населението во сите делови од градот.
Оваа активност ќе се спроведува и наредниот период, согласно предвидениот план за работа.
Share