На потег од раскрсницата на булевар Илинден се до кружниот тек на булевар 8-ми Септември покрај косење, екипите вршат собирање откос, хартија и отпадоци и истата маса ја товарат.Со овие активности го опфативме и уредувањето на страничното зеленило на булевар Партизански одреди.
Редовното одржување и уредување на зеленилото покрај сообраќајниците е наша приоритетна активност. Покрај еко функцијата на садниците и вегетацијата, тековното одржување има за цел овозможување на поголема прегледност во сообраќајот.