Автор: unet

  • Дрвјата во Амазон сами си го прават дождот

    Амазонската дождовна шума е дом на чудни временски услови. Еден од нив е дека врне 2 до 3 месеци пред сезонските ветрови да почнат да го носат влажниот воздух од океанот. Сега, истражувачите велат дека конечно сфатиле од каде доаѓа оваа предвремена влагаод самите дрвја.

    Претходните истражувања покажаа рана акумулација на влага во атмосферата над Амазонно научниците не беа сигурни зошто. „Сè што може да се види е водена пареа, но не знаете од каде доаѓа“, вели Ронг Фу, климатски научник на Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес. Сателитските податоци покажуваат дека покачувањето на влагата се совпаѓа со раззелувањето на шумата, или зголемувањето на лисјата, што ги довело научниците да се посомневаат дека влагата е можеби водена пареа ослободена при фотосинтеза. Во процесот на испарување, растенијата ослободуваат водена пареа од малечките пори на долната страна на листовите.

    Фу смета дека е можно растенијата да ослободат доволно влага за да створат ниско ниво на облаци над Амазон. Но, таа требала експлицитно да ја поврзе влагата со тропската шума.

    Затоа Фу и нејзините колеги ја набљудувале водената пареа над Амазон со Аура сателитот на НАСА, вселенско летало наменето за проучување на хемијата на Земјината атмосфера. Влагата која испарувала од океанот била полесна од влагата ослободена во атмосферата од растенијата. Тоа е затоа што за време на испарувањето, молекулите на водата кои содржат деутериум, тежок изотоп на хидроген направен од еден протон и еден неутрон, се враќаат назад во океанот. Спротивно на тоа, растенијата во испарувањето едноставно ја вовлекуваат водата од почвата и ја исфрлаат во воздухот без притоа да ја изменат нејзиниот изотопски состав.

    Сателитот открил дека влагата што се акумулира над дождовната шума била со големо количество на деутериум, па дури и дека тоа количество е највисоко за време на периодот на раззеленување, кога фотосинтезата е најсилна.

    Дождовните облаци предизвикани од дрвата може да имаат и други домино-ефекти на временските услови. Како што тие облаци ослободуваат дожд, ја загреваат атмосферата, предизвикувајќи подигнување на воздушната маса и циркулација.

    Научниците веруваат дека оваа циркулација е толку голема што ја поттикнува промената на правецот на ветровите да донесат уште повеќевлага од океанот.

    Во врска со улогата која растенијата ја имаат врз временските услови, научниците потврдуваат дека тие не се само „пасивни примачи“ и дека играат активна улога во регулирање на дождовите. Па така, спречувањето на уништувањето на шумите е важен чекор за луѓето да преземат нешто во спречувањето на сушата.

  • МОВ – Праисториско растение кое ги преживува природните катастрофи!

    Мовта постои на Земјата повеќе од 400 милиони години. Во текот на овој период таа има преживеано многу климатски катастрофи кои уништија поголеми видови, како што се на пример диносаурусите. Неодамна, британските научници вратија во живот мов која 1.500 години била замрзната во Антартичкиот лед. Зошто овие мали растенија се толку отпорни на климатските промени? Професорите Ралф Рески и Питер Бејер со нивниот тим открија дека мовта има специфични гени кои брзо се активираат на ниски температури.

    Нивните резултати беа објавени онлајн во истраувачкото списание New Phytologist.

    Научници од Германија исто така правеа анализи на мовта Physcomitrella patens, која многу години е главен предмет на истражување на биотехнолошкиот тим на професорот Р. Рески. Најпрво тие потврдија активности на повеќе од 27.000 гени во мов одгледувана на собна температура и на различни периоди во време на студ и мраз. Потоа, тие со биохемиски и физички методи ги анализираа различните сигнали и заштитните молекули од овие растенија.

    „Мовта, препознавајќи го падот на температурата, како сигнал го користи стрес хормонот ABA, кој во кус временски период води до три бранови на генетски активности“, објави Рески. „Како резултат на тоа мовта продуцира високо комплексни заштитни молекули“. Неверојатно е, научниците открија дека помеѓу најбрзите реагирачи биле многуте гени, непознати во било кој друг вид. Овие гени на мовта значајно придонесуваат за извонредната флексибилност на растенијата.

    Кутикулите на растенијата потекнуваат од пред повеќе од 450 милиони години, кога првите растенија ги колонизирале дотогаш неплодните копнени површини. И бидејќи восочните кутикули штитат од загуба на вода, тие овозможиле распространување на растенијата и последователна еволуција на нашите сложени екосистеми. Семенските растенија кои еволуирале подоцна, користеле слични хемиски реакции за формирање на некои биополимери. Зацврстувањето на ѕидовите на клетките особено придонесува во произведувањето на дрво и им помага на дрвјата да растат неколку метри во височина. Спротивно на тоа, мовта не содржи лигнин и е малечка. Останува непознато кои биохемиски процеси придонесуваат за заштитниот слој на клетките на мовта.

    Научниците заклучуваат дека кутикулите на мовта им претходат на еволуцијата на лигнин, кутин и суберин, што значи дека можеби потекнува од последниот заеднички предок на мов и семенски растенија – праисториските растенија кои го напуштиле животот во вода за да опстанат на карпите и со тоа да ги постават темелите на денешниот екосистем на копното.

    „Резултатите откриваат една од најраните еволутивни иновации што им помогнаа на првите растенија да опстанат на Земјата повеќе од 450 милиони години“, објаснува Рески.

  • „Шазам“ за растенија ќе ги идентификува растенијата според слика

    Во светот постојат околу 400,000 цветни видови на растенија и разбирливо е дека може да биде потешко да им се влезе во траг. Повеќето од нас можат да препознаат и именуваат само мал број растенија, иако би сакале да биде поинаку. Доколку сакате да го зголемите вашето знаење во прекрасното царство на растителни видови, има добри вести за вас. Како и за сè друго: постои апликација за тоа!

    Ако некогаш поминете покрај специфично растение кое би сакале да го идентификувате, или да си го проширите знаењето за растителните видови, тогаш апликацијата PlantNet е за вас. Достапна за уредите iPhone и Android, таа е практично Шазам за растенија.

    Како работи апликацијата?

    Апликацијата ги презема податоците од големите социјални мрежи кои објавуваат слики и информации за растенија. Ја развија научници од четири француски организации, вклучувајќи ги Cirad, IRA, Inria/IRD и Tela Botanica Network.

    Се карактеририза со софтверска визуелизација која препознава многу растителни видови, предвидено дека била доволно добро илустрирана во предвидената ботаничка база. PlantNet моментално работи на повеќе од 4,100 видови дива флора и листата на видови е обезбедена преку апликацијата. Бројот на вклучените видови и слики употребени од апликацијата расте со придонесот на сè поголемиот број на корисници.

    Додека само мал број на растителни видови можат да бидат идентификувани до сега, со вклучувањето на повеќе корисници од различни држави, оваа апликација ќе стане поразновидна.

    Во иднина, базата на податоци може да им помогне на сите љубители на природата да го рашират она што таа има да го понуди. Не само почисти и непрскани диви видови и билки, туку истите можат да се берат посвежи и похранливи. Во исто време, оваа апликација неминовно почесто ќе ги носи луѓето надвор во природа, на прошетки, со голема љубопитност да научат малку повеќе што има околу нив.

  • Најубавото дрво на светот – Вистерија!

    Во цветниот парк Ашикага во Јапонија живее неверојатно раскошно дрво Вистерија, за кое често се зборува како за најубавото дрво во целиот свет. Најголемо и најстаро во Јапонија, дрвото е главна атракција во цветниот парк, собирајќи посетители да го видат во полн цут. Датирајќи приближно од 1870, 143-годишното дрво има гранки кои се придружени од фиданки кои создаваат волшебен цветен чадор. Најдобро време за посета на паркот е од средина на април до средина на мај.

  • 18 Растенија кои треба секогаш да растат едно до друго

    Здруженото садење ги користи придобивките од едниот вид да му помогне на другиот.

    Градинарите знаат дека за здрава и убава градина се прави мешавина од различни растенија. Многумина веруваат дека одредени комбинации на растенија имаат исклучителна (дури и мистериозна) моќ да си помагаат меѓусебно во растот. Научното изучување на процесот, нареченздружено садење, потврдува дека некои комбинации имаат вистинска корист уникатна за тие комбинации, а практичното искуство им покажува на многу градинари како да спарат одредени растенија за нивна заедничка придобивка.

    Здружените растенија си помагаат меѓусебно во растот, на пример високите растенија обезбедуваат сенка за покусите растенија чувствителни на сонце. А и техниката ефикасно го користи просторот во градината. Растенијата ползавци ја покриваат земјата, исправените растат високо, така дозволувајќи простор за двете растенија на исто парче земја. Вака здружени растенијата спречуваат проблеми со штетници. Растенијата како кромид ги уништуваат штетниците а други растенија можат да ги примамат штетниците подалеку од чувствителните растенија, или пак едно растение може дури и да ги привлече предаторите на штетниците од другото растение.

     

    РУЖИ + ЛУК

    Градинарите саделе лук со ружи еони наназад, бидејќи лукот им помага на ружите така што ги одвраќа штетниците. Луковите ливчиња ги одвраќаат исто како и нивните мали виолетови или бели цветови, а во доцната пролет тоа изгледа одлично заедно со ливчињата и цветовите на ружите.

    ЏУНЏУЛЕ + ДИЊА

    Одредени видови на џунџуле ги контролираат црвите во корењата исто толку ефикасно како и некој хемиски третман.

    ДОМАТ + ЗЕЛКА

    Доматите ги одбиваат гасениците кои прават големи дупки на листовите на зелката.

    КРАСТАВИЦИ + ПОТОЧАРКА

    Ползечките гранчиња на поточарката кои се извиваат нагоре се одлично друштво помеѓу краставиците и тиквите. Поточарката е прочуена по тоа што ги одбива инсектите од краставицата, но и како живеалиште на пајаците и бубачките од земјата.

    ПЧЕНКА + ГРАШОК

    Грашокот привлекува корисни инсекти кои се плен на штетниците на пченката, како што се смрдливки, гасеници и разни инсекти на листовите, а грашокот ползи на стебленцето на пченката.

    МАРУЛА + НИКОТИЈАНА

    За подобар раст, никотијаната и прави блага сенка на марулата.

    РОТКВИЧКА + СПАНАЌ

    Садењето на ротвичка помеѓу спананаќот ќе ги одвлече лисните напаѓачи подалеку од спанаќот. Штетата која ја прават напаѓачите на листовите на ротквичката не го спречува нејзиниот раст под земја.

    КОМПИР + АЛИСИМ

    Алисимот има мали цветчиња кои привлекуваат корисни инсекти, како што се осите. Насадете го Алисимот покрај густите посеви на компир, или пуштете да се шири за да формира жива покривка под сводот на растенија како што се брокули. Освен тоа, слаткиот Алисим цело лето ќе ја мириса вашата градина.

    КАРФИОЛ + ЗИНИЈА

    Нектарот од Зинијата ја мами бубамарата и други предатори кои помагаат за заштита на карфиолот.

  • Старите дрва растат побргу отколку младите!

    За разлика од луѓето, старите дрва растат побргу отколку младите, покажува новото истражување.

    97% од истражените видови растат побргу со текот на времето.

    Интуитивното чувство за повеќето живи битија, вклучително и нас луѓето, ни вели дека растот е брз во младоста, а потоа се успорува или запира. Но во новата студија именувана Стапката на акумулација на јаглерод кај дрвјата континуирано расте со големината на дрвото,објавена во научното списание Nature, научниците објаснуваат дека ова не важи за дрвата и дека всушност, вистината е токму спротивноста. Старите растат побргу од младите. Ова е важно откритие бидејќи е спротивно на широко распространетото верување дека големите дрва не се толку продуктивни како младите кога станува збор за апсорбирање на СО2 од атмосферата. Истражувачите набљудувале 403 тропски и умерени видови на дрва и откриле дека 97% од нив растеле сè повеќе и повеќе како што старееле.

    „Големите, стари дрва не се однесуваат само како стари резервоари на јаглерод, туку активно впиваат огромна количина на јаглерод во споредба со помалите дрва“, пишуваат авторите на студијата.

    Дури и дрвата кои што не растат во висина продолжуваат да се шират, така претворајќи го СО2 во кислород во голема мера.

    Студијата беше соработка помеѓу 38 научници околу светот и беше основана на 673,046 поединечни дрвја обработувајќи информации над 80 години, што е доста широк спектар.

  • Генијалната формула за дрвото на Леонардо да Винчи, денес научно потврдена!

    Помеѓу големите уметници кои биле пленети од дрвата, бил големиот Леонардо да Винчи. Тој, кратко пред неговата смрт, во еден од неговите огромни нотеси изработил математичка формула за врската помеѓу големината на стеблото на дрвото и неговите гранки. Тој открил дека вкупната површина на пресекот на сите млади гранки е приближно еднаква на мајката стебло или гранка, без разлика на висината на дрвото. Векови подоцна, научните тестови, употребувајќи компјутерски-создадени модели на дрва, не само што откриле дека формулата на Леонардо ги опфаќа скоро сите видови дрвја, туку исто така ја објаснуваат и инзвонредната флексибилност што ја има дрвото спрема ветерот и другите надворешни сили.

    Разгранување на дрво Леонардо да Винчи (околу 1515г.). Проучување на разгранување на дрвото. Правилото на Леонардо е прилично едноставно, вели дека „Секоја година кога гранките на дрвото ќе го завршат процесот на созревање на новите изданоци, кога ќе се спојат заедно тие ќе направат дебелина еднаква на онаа на главното стебло“.

    Всушност, формулата на Леонардо се однесува на нештото кое го прави дрвото толку моќна метафора за организираното знаење – неговата основна функција не само како статичен објкт, туку како систем за функционирањето на движечата сила.

    Нашиот исконски, симболички однос со дрвото може да објасни зошто неговата разгранета шема не само што е важен иконографски мотив за уметност и религија, туку исто така и важна метафора за системите на класификација на знаењето. Низ историјата на човештвото, структурата на дрвото се користи да да се објасни скоро секој аспект на животот: од крвното сродство до главните карактеристики, законските системи во научните подрачја, биолошките поврзувања со систмите на базните податоци. Дрвото е многу успешен модел за графичко прикажување на односите бидејќи тоа прагматично ја изразува материјализацијата на мноштвото (претставено со последователно разгранување на гранки, фиданки и ливчиња), надвор од единството (централната основа стеблото, кое редоследно е поврзано со главниот корен, изворот, т.е потеклото)“.

    Мануел Лима Книга за Дрвјата: Визуелизација на Гранките на Знаењето

  • “ТИВКИТЕ ПРИЈАТЕЛИ” – Краткок филм за дрвјата

    Погледнете го “Тивките пријатели”, краток филм за дрвјата и за нивните доблести кои ги бараме околу нас.

    Линк