Здруженото садење ги користи придобивките од едниот вид да му помогне на другиот.
Градинарите знаат дека за здрава и убава градина се прави мешавина од различни растенија. Многумина веруваат дека одредени комбинации на растенија имаат исклучителна (дури и мистериозна) моќ да си помагаат меѓусебно во растот. Научното изучување на процесот, нареченздружено садење, потврдува дека некои комбинации имаат вистинска корист уникатна за тие комбинации, а практичното искуство им покажува на многу градинари како да спарат одредени растенија за нивна заедничка придобивка.
Здружените растенија си помагаат меѓусебно во растот, на пример високите растенија обезбедуваат сенка за покусите растенија чувствителни на сонце. А и техниката ефикасно го користи просторот во градината. Растенијата ползавци ја покриваат земјата, исправените растат високо, така дозволувајќи простор за двете растенија на исто парче земја. Вака здружени растенијата спречуваат проблеми со штетници. Растенијата како кромид ги уништуваат штетниците а други растенија можат да ги примамат штетниците подалеку од чувствителните растенија, или пак едно растение може дури и да ги привлече предаторите на штетниците од другото растение.